Македонија
СДС и ДУИ целосно го урнисаа здравството, на Детската клиника без тендер набавувале лекови вредни милиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Нема крај на неодговорно, недомаќинско и расипничко однесување на СДС и ДУИ. Секојдневно на виделина излегуваат нивните злоупотреби со институциите на системот, ограбувањето на државните ресурси, осиромашувањето на народот. Изминатиот период објавивме бројни скандали за злоупотреба на службената должност на лица од СДС и ДУИ кои раководеле со јавни и државни институции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од ваквите скандали кои отвораат сомнежи за сторени криминали од милионски вредности, СДС и ДУИ не ги поштедиле ниту здравствените институции кои треба да се сервис и да водат грижа за здравјето на македонските граѓани. Клиниката за детски болести е здравствена институција која треба да обезбеди навремена, соодветна и квалитетна здравствена нега за најчувствителната категорија пациенти, децата. Но, СДС и ДУИ не можеа да ги држат рацете подалеку дури ни од оваа витална институција, а да не профитираат врз здравјето на децата. Според Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на детска Клиника во 2022 година, констатирано е дека без тендер се набавувале лекови во вредност од неколку милиони“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, за време на раководењето на кадри од СДС и ДУИ, Клиниката за детски болести набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, а потоа ги вратила на фирмата која го добила тендерот.
„Освен кон набавените лекови, детска клиника во време на СДС и ДУИ неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивала како донација, така што за две донации не е запишано која сума се проценуваат. Според податоците во Извештајот, примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а лекови вредни над 50 милиони евра останале неискористени. Ова само покажува колку е голема неспособноста на СДС и ДУИ, и колку недомаќински и расипнички раководеле со јавните здравствени установи. Кај што ги трошеле и не ги штеделе парите на граѓаните, така и со донациите недомаќински управувале. Како и во целата држава, така и во здравството СДС и ДУИ направија хаос и целосно го урнисаа“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

