Свет
Руски дрон уби 14-годишно девојче од Украина додека спиело
Марија Тројанивска се вратила дома рано таа вечер кога руски дрон удрил во нејзината спална соба.
„Тој летна низ прозорецот директно во нејзината соба“, изјави мајка ѝ Викторија за Би-би-си. По експлозијата, мајката на Марија и нејзиниот сопруг Володимир истрчале од соседната соба, а собата на нивната ќерка била во пламен.
„Се обидовме да го изгасиме, но сè гореше толку силно“, рече таа низ солзи. „Беше невозможно да се дише – моравме да заминеме“.
Рускиот дрон „Шахед“ минатиот месец уби 14-годишно девојче во својот кревет во стан во предградието на Киев.
Веднаш почина, а потоа изгоре“, рекла мајка ѝ. „Моравме да ја закопаме во затворен ковчег. Таа немаше шанси да преживее.
Русија масовно ги зголемува нападите со беспилотни летала врз Украина. Повеќе од 2.000 од нив беа лансирани во октомври, според украинскиот Генералштаб, што е рекорден број во оваа војна.
Истиот извештај вели дека Русија лансирала 1.410 беспилотни летала во септември и 818 во август во споредба со 1.100 во целиот тримесечен период пред тоа.
Со изборот на Доналд Трамп за втор мандат за претседател на САД исцрпените и уморни од војна украинските сили се соочуваат со неизвесна поддршка од нивниот најголем воен донатор, пренесува медиумот.
Според написите, повеќето од руските беспилотни летала што паѓаат на Украина се „Шахед“ со пропелер, дизајнирани од Иран, со карактеристичен облик на крилата и смртоносна бојна глава.
Русија исто така почна да лансира лажни беспилотни летала, без никаков експлозив, за да ги збуни украинските единици за воздушна одбрана и да ги принуди да трошат муниција.
Во споредба со проектилите, тие се многу поевтини за изработка и полесни за гаѓање, анализираат медиумите.
Секоја вечер Украинците одат на спиење со известувања на телефоните, а дојдовните беспилотни летала летаат над земјата и свират сирени, пишува Би-би-си.
Од почетокот на ноември беспилотни летала ги погодија Киев, Харков, Одеса, Миколаев и Запорожје.
Во неделата Русија лансира 145 беспилотни летала во Украина, според претседателот Володимир Зеленски, што е најголем број во еден ден од почетокот на целосната инвазија.
Киев тој ден соопшти дека успеал да собори 62 беспилотни летала, а дека уште 67 биле изгубени, што значи дека или биле соборени или исчезнале од екраните на радарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

