Македонија
Гаши во Албанија: Проширувањето една од најдобрите политики на Унијата и е долгорочна инвестиција за цела Европа
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, оствари возвратна посета на Република Албанија предводејќи делегација составена од пратеничките Јулија Тушевска и Фериде Хаџиу, членки на пратеничката група на Собранието за соработка со парламентот на Република Албанија.
На средбата со Елиса Спиропали, претседателка на собранието на Република Албанија, беше истакната извонредната и динамична соработка на двете држави, со многубројни реализирани средби на сите нивоа, што е показател и пример за квалитетна соработка меѓу двете држави.
Гаши ѝ честита на Албанија за почетокот на пристапните преговори со ЕУ и изрази очекување дека двете земји и понатаму ќе соработуваат на планот на европската интеграција. Беше истакнато дека проширувањето е една од најдобрите политики на Унијата како геостратешка потреба и е долгорочна инвестиција за цела Европа во политичка, безбедносна и економска смисла.
Во контекст на парламентарната соработка, којa има многубројни потенцијали, од страна на двајцата претседатели беше истакната можноста за поголема соработка меѓу комисиите за европски прашања и националните совети за евроинтеграција, со оглед на заедничките интереси на двете држави во евроинтегративниот процес.
Соговорниците истакнаа дека единствениот пат кон побрзо економско унапредување на регионот е регионалниот пазар и заедничко интегрирање во него бидејќи е природно добрите економски односи во регионот да бидат придружувани со добри политички односи и само на тој начин регионот реално ќе напредува.
Делегацијата на Собранието, предводена од претседателот Гаши, беше примена и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, при што беа споделени видувања за регионалните предизвици, модалитетите на билатералната соработка меѓу двете држави, искористување на потенцијалите од засилена економска соработка, но и културна и туристичка размена.
Беше акцентирано значењето на албанскиот политички фактор во РС Македонија, како и конструктивната политика на Република Албанија кон случувањата во регионот и на планот на заедничкото интегрирање во Европската Унија.
Како НАТО-сојузници, беше потенцирано дека двете земји имплементираат миротворни политики за доброто на целиот регион на Западен Балкан. Имајќи го предвид фактот што Република Северна Македонија и Република Албанија се дел од Јужното крило на НАТО, беше истакната потребата од зајакната и динамична соработка, што ќе биде одговор кон реалните закани од секаков вид.
Во текот на разговорите беа разгледани можностите за искористување на европските фондови за инфраструктурни проекти, што ќе донесат бенефит за граѓаните на двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

