Црна хроника
18-годишник се самозадоволувал во близина на основно училиште во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б. (18) од Тетово.
Тој според полицијата се сомничи за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.
Имено на 04.06.2024 во близина на основно училиште, пријавениот во присуство на две лица се самозадоволувал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична за поранешниот директор на ЈП „Комунална чистота“Богданци: ја злоупотребил службената положба
Денеска од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци.
Тој во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори.
Односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.
Со тоа, пријавениот сторил кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво според член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ.
Црна хроника
Малолетно девојче допирано по телото од пријателот на нејзината мајка
Таткото во полиција пријавил дека пријателот на неговата поранешна сопруга ја допирал нивната малолетна ќерка, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 19.30 часот во СВР Скопје, 44 – годишник од Скопје пријавил дека во домот на неговата поранешна сопруга, нејзиниот пријател М.И. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани
Околу 04.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Морани, во викенд населбата, гори куќа, сопственост на Р.Н.(66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат.