Забава
Една поинаква Нова година со Иван Босиљчиќ во Македонската опера и Балет
Почнете ја новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство, кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега! Оваа година Македонската опера и Балет и „Прагма продукција“ ви нудат пречек, кој е сѐ, само обичен не. Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре-шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со „афтер парти“, што ќе трае до изгрејсонце.
Замислете, новогодишна ноќ исполнета со луксузна атмосфера, раскошно кабаре и стендап-хумор, што ќе ви измами искрена насмевка. Иван Босиљчиќ, човекот чија харизма, едноставно, хипнотизира, ќе ви понуди уникатно шоу, полно со хитови, хумор и искрени емоции. Тој ќе ве води низ една магична ноќ, во која секоја нота и секоја шега ќе создадат атмосфера на интимност и гламур носејќи ве на патување низ најдобрите песни и приказни.
Но, тоа не е сè! Тука магијата не завршува! По шоуто, сè уште нема да биде време за спиење – вистинската забава дури тогаш почнува! Eксклузивна ретро „афтер парти“ во малата сала на Македонската опера и Балет, каде што Вера Јанковиќ ќе го одржи пулсот на вечерта со својата енергија и безвременски ретро хитови. Оваа ретро вечер ќе биде вистинско враќање во времето кога музиката зборуваше сама за себе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени, за што отворено зборуваше во подкастот „Team Deakins“. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансираше кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во „Heavenly Creatures“ ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминираше со светска слава по филмот Titanic. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и својот режисерски деби со филмот „Goodbye June“, достапен на Netflix.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на LGBTQ+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност, поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за стајлингот на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многу пати на големи настани, особено за време на бројните промоции на филмот „Song Sung Blue“.
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата „Watch What Happens Live“ носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел без прерамки што ја следи линијата на телото.
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на аутфитот доза на луксуз. Стајлингот го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот диџеј приреди моќен арена-настап и незаборавна електронска вечер во арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски диџеј и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамките на The Arena Experience, во организација на Music Rituals.

Вечерта почна со програма на домашните изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq и странските изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук Махмут Орхан ја донесе глобалната клупска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.


