Македонија
Подготвени сме да се соочиме со гласачите, велат од ДУИ барајќи предвремени избори

Политичката партија ДУИ и утрово се осврна на повикот за предвремени избори, заедно со локалните, коментирајќи дека тоа не е само политичко барање, туку демократска можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните, особено во време на криза на легитимитет.
„Ние сме подготвени да се соочиме со гласачите и да се вклучиме во транспарентен процес кој ја рефлектира волјата на секој граѓанин. Во вакви времиња, граѓаните заслужуваат лидери кои не ги избегнуваат предизвиците на демократијата, туку ги прифаќаат со отворено срце. Ние сме тука, подготвени и уверени во мандатот што ни го довери народот“, велат од ДУИ.
Како што нагласуваат, предвремените избори заедно со локалните нудат две значајни предности за државата и граѓаните: доколку парламентарните избори се одржат истовремено со локалните во октомври, тогаш во 2029 година за првпат ќе имаме можност на ист ден да се одржат три изборни процеси (претседателски, парламентарни и локални). Ова ќе резултира со значителни заштеди за државниот буџет и поефикасна организација на изборите; четири години целосна стабилност без изборни процеси – со одржување на изборите сега, државата ќе има целосен четиригодишен период на стабилност до 2029 година, без одвлекување на вниманието од изборни кампањи или процеси. Овој период ќе овозможи целосен фокус на економскиот развој, структурните реформи и долгорочните агенди за напредок на државата, велат од ДУИ.
Интегративците порачаа дека се подготвени, а време е и другите да ја покажат својата подготвеност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наскоро зонско паркирање во Автокоманда

Во скопската населба Автокоманда наскоро ќе биде воведено зонско паркирање, најави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„ Со особено задоволство ги информирам жителите на Автокоманда дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда. Со ова официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање – решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија“, рече Стефковски.
Тој додава дека во моментов интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок.
Стефковски најави дека секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање.
Македонија
Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но се наоѓа во стабилна состојба. Според информациите на МВР, сопругата е осомничена дека е вмешана во обидот за неговото убиство.
„Вчера полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско“, велат од МВР.
Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.
По целосно документирање на случајот, против сопругата ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава.
Од Министерството за здравство вчера соопштија дека во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини. Од таму известија дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува.
Од ДУИ, пак, информираа дека станува збор за нивен кандидат и носител на листата во Општина Липково.
Македонија
Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот објект сместен на плоштадот „ВМРО“ веднаш до седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата веднаш излегла на терен, почнала евакуација на вработените од објектите околу плоштадот, а проверките покажале дека куферот е празен.
„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП ‘Државни патишта’ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП ‘Државни патишта’ на плоштадот ‘ВМРО’ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, соопшти МВР.