Македонија
Граѓаните дишат загаден воздх, а власта ги намали парите за животна средина и чист воздух во буџетот, реагираат од СДСМ
Според СДСМ, не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот туку во предложениот Буџет за 2025 година ги намали парите за животна средина, за енергетика и квалитет на воздух.
Од опозициската партија оценуваат дека во Министерството за животна средина има предвидено повеќе пари за вработувања, а помалку пари за заштита за животната средина, односно намалување на парите за 25%!
Додаваат дека за квалитет на воздух исто така власта ги намалува парите од од 46.415 на 22.771 милиони денари што е намалување од 51%.
„Има помалку пари за развој на енергиката, намалување од 406.331 на 243.100 милијарди денари. Парите за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо. Мицкоски најави гасна конгенеративна централа со која ќе се намали загадувањето а во буџетот пари за тоа нема. Ја нема ниту ветената 1 милијарда евра инвестиции за намалување на загадувањето за 50%.
Со повеќе пари за плати а со помалку за животна средина нема власта поккажува дека нема намера ништо да преземе против загадувањето и граѓаните ќе продолжат да се гушат“, потенцираат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

