Свет
Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да стави крај на руско-украинската војна.
„Ќе работиме на Блискиот Исток и ќе работиме многу напорно на Русија и Украина. Ова мора да престане. Русија и Украина мора да престанат“, рече Трамп на церемонијата за Американскиот институт за политика во клубот Мар-а-Лаго на Флорида, додавајќи:
„Денеска го видов извештајот. Илјадници луѓе се убиени во последните три дена. Илјадници и илјадници беа убиени. Случајно беа војници, но дали се војници или луѓе што седат во градовите, ние ќе работиме на тоа“.
Зборувајќи за минатонеделната победа на изборите, Трамп рече дека американскиот народ направил „нешто многу, многу неверојатно“.
„Најголемата политичка победа во последните 129 години“, рече Трамп.
Републиканците обезбедија мнозинство на минатонеделните избори и ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот.
Трамп победи на изборите со 312 електорски гласа надминувајќи го прагот од 270 против демократската ривалка, потпретседателката Камала Харис.
Трамп ќе го преземе четиригодишниот мандат во јануари в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

