Македонија
„Вреди“: Селвер Ајдини со партиска книшка служеше во советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, ДУИ сака да наметне лажен политички морал

Селвер Ајдини, со партиска книшка на ДУИ, служеше една деценија во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги
ДУИ и некои од нејзините сателити, сега кога се во опозиција, се обидуваат да наметнат лажен политички морал, реагираат од коалицијата „Вреди“.
Но, и ова, како што велат, не им поминува бидејќи граѓаните многу добро и јасно знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист.
Според „Вреди“, тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе.
„ДУИ е синоним за постојано кршење на законот, и недвосмислено е дека за тоа треба и ќе има одговорност. Пред да зборува за закони, ДУИ треба да се погледне во огледало, бидејќи е првата што се очекува да се соочи со правдата за постојаното кршење на законите, за нерегуларностите насекаде каде што стапнале оставиле траги на злоупотреба и манипулации. Јавноста многу добро знае дека Унијата за Девалвирање на Институциите (ДУИ) е типичен модел на погрешен начин на водење на институциите. Затоа, ВЛЕН се залага секоја институција да биде на услуга на граѓаните и да нуди услуги со највисок квалитет. Од ДУИ испуштиле крик за предложените советници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, отишле до таму да ги квалификуваат како дејство што е во спротивност на законот“, истакнуваат од „Вреди“.
Ја потсетуваат јавноста дека потпретседателот на овој Совет Селвер Ајдини е почесен член на ДУИ. Ајдини, според нив, е активист и ревносен член кој не пропушта ниту една седница или собир на огранокот на ДУИ во градот Куманово. За ова, како што појаснуваат, ДУИ го награди со именување во Советот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„И оваа награда што ДУИ му ја даде на сопартиецот тогаш не размислуваше за закони, туку имаше цел да смести партиски членови кои потоа ги претвора во „мамца“ за гласови во време на избори. Основниот принцип на работа на „Вреди“ е меритократијата“, нагласуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)