Спорт
(Видео) Тајсон на мерењето му удри шлаканица на јутјуберот Пол

Легендарниот Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол се измерени пред мечот во Арлингтон, Тексас.
Тајсон (58) тежеше 103,6 килограми, а 27-годишниот Пол беше нешто полесен – 103,056.
Во текот на соочувањето инфлуенсерот го згазна поранешниот светски шампион по што доби шлаканица.
„Приказната е завршена“, изјави Тајсон, кој последната борба ја имал пред 19 години.
„Тој е луто мало елфче. Сега е лично, ќе мора да умре“, објави Пол во сензационалистичка изјава дека има намера да го уништи поранешниот апсолутен шампион, чиј професионален скор е 50-6, 44 победи се со нокаут.
Очекувано, мечот на борбата меѓу Тајсон и речиси три децении помладиот Пол наидува на голем број критики.
„Оваа борба е опасна, неодговорна и не го почитува боксот“, изјави британскиот промотер Еди Херн.
Whose side are you on tomorrow night? @jakepaul x @MikeTyson
: @jakepaul #PaulTyson pic.twitter.com/uO57bnglC5
— PFL (@PFLMMA) November 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сане останува во Баерн

Лерој Сане најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен.
Како што пишува Флоријан Платенберг, новинар на „Скај Спортс Германија“, 29-годишниот напаѓач ги договорил условите за продолжување на соработката со Баварците.
Поранешниот играч на Шалке и Манчестер сити е среќен во Баерн, но во медиумите се појави информација дека добил понуда од Арсенал.
Сане оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола со пет асистенции.
Спорт
Гореше хотелот на Кристијано Роналдо во Маракеш

Пожар избувна во луксузниот хотел „Pastana CR7“, кој е во сопственост на Кристијано Роналдо, а зградата во Маракеш претрпе значителна материјална штета. Брзата интервенција на пожарникарите спречила пожарот да се прошири и на други објекти, а „Мороко ворлд њуз“ јавува дека нема повредени.
Персоналот на хотелот веднаш реагирал и успеал да ги евакуира сите гости. Пожарот избувнал во просторија која во моментот била празна. Според првите информации причина е краток спој. Покрената е истрага за да се утврдат точните причини за инцидентот.
Veja como ficou hotel de Cristiano Ronaldo no Marrocos após incêndio
O Hotel Pestana CR7 em Marrakech, no Marrocos, teve um incêndio registrado no último sábado (5/4). Novas imagens revelam como ficou o local
Leia: https://t.co/cRvlXP0UPo pic.twitter.com/1Oel0bcJ6w
— Metrópoles (@Metropoles) April 7, 2025
Хотелот во Маракеш е отворен во 2022 година и нуди луксузен престој во егзотично опкружување. Претходно имаше гласини дека овој хотел ги засолнил жртвите од земјотресот во Мароко. Но, управата на хотелот ги демантираше тие тврдења, наведувајќи дека објектот не служел како засолниште за погодените од земјотресот.
Синџирот хотели „Pestana CR7 Lifestyle Hotels“ е роден од партнерството помеѓу Кристијано Роналдо и„Pestana Hotel Group“ и моментално вклучува пет хотели во Мадеира (Португалија), Лисабон (Португалија), Мадрид (Шпанија), Њујорк (САД) и Маракеш (Мароко).
Планирано е проширување на синџирот на нови дестинации, вклучувајќи ги Париз и Манчестер, што дополнително ќе го зајакне глобалното присуство на брендот.
Спорт
Де Брујне се сели кај Меси во Мајами?

Интер Мајами, во кој играат Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Џорди Алба планира летово да го доведе белгискиот играч за врска, 33-годишниот Кевин де Бруине, објавија британските медиуми.
Договорот на Белгиецот истекува на 30 јуни и тој веќе објави дека летово го напушта Манчестер сити каде помина десет години и освои 16 трофеи.
Дејвид Бекам е еден од сосптвениците на американскиот клуб, ќе има силна конкуренција од Саудиска Арабија.
Де Брујне сега мора да одлучи дали ќе ги прифати богатите понуди од Саудиска Арабија, а се зборува за годишна плата од 24 милиони евра или ќе замине во Мајами, која е многу поприфатлива дестинација за него и неговото семејство.
Белгискиот играч за врска постигна 106 гола во сите натпреварувања за Манчестер сити, а имаше и 117 асистенции само во Премиер лигата.
Во историјата на Премиер лигата само еден играч е пред него кога се во прашање асистенциите, а тоа е Рајан Гигс кој собра 162 од нив. За репрезентацијата одигра 109 натпревари и постигна 30 гола, а на СП 2018 во Русија го освои третото место.