Спорт
(Видео) Ферстапен сака да го прескокне претсезонското шоу
На Макс Ферстапен не му се допаѓа насоката по која оди Формула 1.
Светскиот шампион треба да учествува во февруари во Лондон, на претсезонското шоу кое ја најавува новата сезона.
Во О2 Арената се очекува да бидат присутни голем број ѕвезди и фанови на Ф1.
“Што е F1 75? Што е тоа? Се надевам дека ќе бидам болен таа недела”, рекол Холанѓанецот.
Од ФИА најавија дека ќе бидат присутни сите 20 возачи, како и десет тимски шефови, како и специјални ѕвезди на вечерта.
Продажбата на билетите започнува во петок, а пуштени се вкупно 20.000 билети.
Инаку, настанот се одржува на само неколку дена пред почетокот на зимските тестови на 25-27 февруари на патеката Шакир во Бахреин.
Првата гран-при трка во сезоната 2025 година ќе се вози на 16 март во Мелбурн.
Max Verstappen if he is excited about F1 75?
"What is that???" I am hope I am sick that week" 😭😭😭 pic.twitter.com/QtBYngz0K9
— Laura 🦋 (@formuLau16) November 13, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Илја Малинин скршен по неуспехот во големото финале
Еден од најголемите таленти во историјата на уметничкото лизгање, Американецот, Иља Малинин, се соочи со емотивен пад по неочекуваниот финиш на Зимските олимписки игри во Милано.
Малинин, кој пред натпреварувањето во поединечна конкуренција важеше за фаворит за златото, го заврши натпреварувањето на осмото место по низа грешки во слободната програма, резултат што ја шокираше спортската јавност ширум светот.
Кога слезе од мразот, Малинин беше видливо шокиран.
„Сè ми недостигаше. Тоа е искрено првата мисла што ми падна на памет. Нема шанси ова едноставно да се случи“, рече Малинин.
Тој истакна дека се чувствувал подготвен пред настапот, но дека притисокот од олимписката атмосфера го скршил.
„Мислев дека сум подготвен, навистина се чувствував така кога излегов на мразот. Можеби бев премногу уверен дека сè ќе помине добро“, призна младиот лизгач.
"You deserve it."🫂⛸️
-🇺🇸Ilia Malinin & 🇰🇿Mikhail Shaidorov shared a moment after the 21-year-old claimed #FigureSkating men's gold🏅
💬Shaidorov:
"I was rooting for Ilia, but the ice is slippery. I told him it's unbelievable to share the same ice with him."#MilanoCortina2026 pic.twitter.com/384ynZbtru— CGTN Sports Scene (@CGTNSportsScene) February 14, 2026
Пред настапот, Малинин имаше поголема предност по кратката програма и беше фаворит да стане олимписки шампион во Милано и Кортина.
Тој објасни и која беше причината за неочекуваниот резултат.
„Чувството на олимписката атмосфера е лудо. Не е исто како на кое било друго натпреварување“, рече тој низ емоции.
Малинин направи некарактеристични грешки и падна двапати. Тој направи и грешка со својата препознатлива четирикратна оска, комбинација што се претвори во поедноставен скок, што го чинеше клучни поени.
Иако остана без медал во поединечна конкуренција, Малинин веќе освои златен медал во тимска конкуренција претходно на Игрите.
Спорт
Модриќ е третиот најстар стрелец во историјата на Серија А
Лука Модриќ повторно беше херој на Милан. Хрватот им донесе победа на „росонерите“ со гол во 85-та минута на гостувањето кај Пиза во 25-то коло од италијанската Серија А.
Натпреварот заврши со резултат 2:1 за Милан, а голот на Модриќ обезбеди три важни бода за неговиот тим.
Модриќ го постигна овој гол на 40 години, пет месеци и четири дена, што го прави трет најстар стрелец во историјата на Серија А.
Со овој гол, Модриќ ги престигна Пјетро Виерховод, Фабио Кваљарела и Силвио Пиола.
Единствените двајца постари стрелци од Модриќ се исто така поранешни играчи на Милан, Златан Ибрахимовиќ и Алесандро Костакурта. Ибрахимовиќ го постигна својот последен гол во Серија А кога имаше 41 година, пет месеци и 15 дена, а Костакурта кога имаше 41 година и 25 дена.
Спорт
Дембеле ги критикуваше соиграчите по поразот во Рен
Ленс има шанса да се искачи на врвот на табелата во француското првенство откако Пари Сен Жермен беше поразен од Рен (3:1). „Златната топка“, Усман Дембеле не го криеше разочрарувањето по поразот во Рен.
Францускиот напаѓач остро го критикуваше настапот на својот тим и рече дека фудбалерите мора да разберат дека клубот е пред сите.
Поразот во Рен е шести за ПСЖ, оваа сезона, во 35 натпревари во сите натпреварувања. Ова е најголем број порази во истата фаза од сезоната од 2020/21.
Дембеле, стрелецот на единствениот гол за ПСЖ, верува дека неговите соиграчи мора да покажат поголема борба ако сакаат да го повторат успехот од минатата сезона.
„Влеговме во натпреварот многу лошо“, изјави тој за Лига 1+. „Рен играше многу добро, но мислам дека мора да покажеме поголема желба.“
„Пред сè, мора да играме за ПСЖ за да победиме. Ако играме како поединци на теренот, тоа нема да функционира и нема да ги освоиме титулите што ги сакаме. Минатата сезона го ставивме клубот пред сè, пред да мислиме на себе. Мора повторно да го пронајдеме тоа, особено во вакви натпревари“, истакна Дембеле и заклучи.
„Знаеме дека сме во вториот дел од сезоната. Пари Сен Жермен мора да биде на прво место, а не играчите како поединци.“
Рен го победи ПСЖ во Лига 1 по осми пат откако Катарците станаа газди на клубот. Во 29 одиграни натпревари, ниту еден тим не ги победил Парижаните почесто во тој период.
Foto/ depositphotos

