Економија
ОКТА донира фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во општина Центар
Нова активност на компанијата ОКТА во рамки на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, посветена кон поттикнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Овој пат компанијата донираше шест фотоволтаични сообраќајни знаци кои што се поставени на стратешки локации во Општина Центар, односно во близина на пет основни училишта: „Јохан Хајнрих Песталоци“, „Кочо Рацин“, „Коле Неделковски“, „11 Октомври“ и „Св. Кирил и Методиј“.
„Безбедноста на децата е од највисока важност во секое општество. Веруваме дека со поставувањето на фотоволтаичните сообраќајни знаци во близина на основните училишта придонесуваме за побезбедна средина не само за најмалите пешаци, туку и за останатите учесници во сообраќајот. За создавање одржлива сообраќајна култура неопходно е континуирано и заедничко делување. Благодарни сме на посветената соработка со Општина Центар, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, чие учество беше клучно за реализација на овогодинешните активности и за постигнување на целите на платформата „Јас внимавам“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.
Дополнително, во текот на месец ноември 2024 година, ОКТА, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и (МВР) организира едукативни работилници за првачињата во Општина Центар на тема „Правила за малите пешаци“. Целта на овие работилници е најмалите учесници во сообраќајот да се запознаат со основните правила за безбедно учество во сообраќајот.
„Навистина сме среќни што соработката со ОКТА ни донесе вистински партнер во грижата за безбедноста во сообраќајот во Центар, а особено на безбедноста на најмладите. Нашата општина е комплетно урбана и предизвиците за малите пешаци се навистина големи и многубројни. Низ овие активности ОКТА го докажува својот позитивен однос кон заедницата, а ние ги повикуваме и другите компании да го следат нејзиниот пример“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Со оваа иницијатива, ОКТА ја потврдува својата општествена одговорност и ангажман за поголема безбедност во сообраќајот, продолжувајќи го спроведувањето на активностите за поддршка и едукација на сите учесници во сообраќајот.
Реализацијата на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ ОКТА ја започна во 2017 година. Преку неа во изминатите седум години компанијата спроведе бројни иницијативи и едукативни активности за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот фокусирани на најчестите сообраќајни ризици, како што се возење под дејство на алкохол, користење заштитни шлемови за мотоциклисти, употреба на безбедносни појаси и ограничувања на брзината. Покрај тоа, ОКТА има реализирано донации на механизми за регулирање на работата на семафорите, уреди за звучна сигнализација за пешачки премини, сообраќајни полигони, рефлектирачки приврзоци, како и опрема за велосипедисти и мотоциклисти.
За платформата компанијата доби признание за Најдобра национална општествено одговорна практика од Министерството за економија. Повеќе информации за досега спроведените активности од платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ може да најдете на веб-страницата на ОКТА.
ПР објава
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава.
Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 354 со вредност од 262.010.698 евра и 3.320.202.538.
Хипотеките во вториот квартал се за 280 повеќе во однос на тие во првиот квартал 2025-та кога биле впишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.
Статистиката на АКН покажува зголемување на бројот на хипотеки во изминатите неколку години. Минатата година, во периодот јануари – декември се запишани 8.748 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.719.022.360 евра и 15.161.817.874 денари, а во 2023 година 7.844 со вредност од 1.572.943.764 евра, 11.585.447.070 денари, 77.983.115 швајцарски франкови и 108.772 американски долари. Во 2022 година, пак, се регистрирани 7.658 товари врз недвижностите во вредност од 1.549.977.309 евра, 9.452.669.859 денари и 20.000 американски долари, а во 2021 8.386 и со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар.
Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6.135 купопродажби на недвижности (збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија), за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5.388.
Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,2 проценти и 16,1 процент соодветно.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.

