Спорт
Кога ќе се ослободи од Погба Јувентус ќе заштеди 30 милиони евра

Пол Погба (31) ќе му се врати на фудбалот во март следната година, откако му беше намалена четиригодишната суспензија поради допинг. Тимот за кој ќе настапува веќе во јануари ќе може да го ангажира како слободен играч и да почне да тренира со новите соиграчи.
Францускиот играч за врска беше суспендиран на крајот на минатата сезона бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон.
Тој сакаше да стави крај на кариерата во која играше само за два клуба, Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Погба се врати во Јувентус во 2022 година, а потоа потпиша четиригодишен договор со торинскиот клуб за осум милиони евра по сезона. Откако беше суспендиран, тој не ја добива таа плата, туку добија само 2.000 евра месечно од Јувентус. Тој сака да остане во Јувентус, меѓутоа во клубот имаат други планови.
Клубот очекува да потпише спогодбен раскин на договорот.На овој начин Јувентус ќе заштеди околу 30 милиони евра, доколку се земат предвид приходите со бонусите што Погба треба да ги добие до летото 2026 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта.
На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни.
Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, Чешка, 6,00 м во Јуџин, Орегон и 6,05 м во Монако).
Дуплантис ја забележа својата 33-та натпреварувачка победа и е непоразен од Монако на 21 јули 2021 година.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari
Спорт
Дебакл на Шкендија во Баку

Актуениот македонски шампион Шкендија доживеа елиминација од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Шкендија ја очекува плеј-офот за место во Лига Европа, доколку и тука загуби ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига.
Шкендија по поразот во првиот меч на домашен терен (0:1) од Карабаг, вечерва доживеа дебакл во реваншот во Баку. Карабаг победи со 5:1.
Почетокот на натпреварот ветуваше бидејќи Тамба во 10.минута и донесе водство на Шкендија и во тој момент ја анулира предноста на Азербејџанците.
Потоа играчите на Шкендија влегоа во „црна дупка“, од која не успеаја да излезат 19 минути. Во периодот од 16. до 35.минута Карабаг постигна четири гола. Цаке си постогна авто-гол, а потоа погодија Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал Точка на натпреварот стави Леандро Андраде во 59.минута.
Шкендија во плеј-офот за пласман во Лига Европа ќе игра со поразениот од пресметката меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Балотели: Жалам што не се трудев повеќе во кариерата

Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб.
„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него“, рече тој во интервју за „Газета дело Спорт“.
Тој зборуваше и за италијанската репрезентација, вели дека му е жал што не играл повеќе за Италија.
„По сè низ што поминав, мислам дека можев да се потрудам повеќе. Жал ми е што повеќе не играв во репрезентацијата. Некои луѓе дури и не ме сакаа во репрезентацијата, но тоа е минато. Сега селектор е Џенаро Гатузо. Му посакувам се најдобро. Тој е личност која дефинитивно ќе го даде својот максимум“, рече Балотели ден пред неговиот 35-ти роденден.
Балотели сега ќе го бара 12-от клуб во својата професионална кариера. Досега играл за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.
Foto/ EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT