Македонија
(Видео) Стаменкоска Трајкоска: Заврши времето на нетранспарентна распределба на средства и донесување штетни политики, данокот нема да го плаќаат граѓаните
„Колега Џафери ве слушав внимателно и навистина во вашиот говор имавте еден интересен заклучок, спомнавте сиромаштија, спомнавте ниски плати, спомнавте брзи кредити. Не спомнавте дека 22 години на власт беше вашата политичка партија и не спомнавте исто така дека не успеавте да ја завршите работата“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Стаменкоска Трајкоска посочи за нетранспарентната распределба на средствата која се правела и за штетата која ја предизвикувале со ваквиот начин на однесување директно на товар на граѓаните.
„Не спомнавте исто така дека доколку не се трошеа пари нетранспарентно, доколку парите се трошеа одговорно ќе имаше за сите и за народот како што има сега во предлог буџетот. Не ја спомнавте „Соравија“, „Арберија“, ЕТЦ травел“ и сите оние милиони евра кои беа потрошени во тој правец“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска напомена дека апсурдно е што говореле за поделба на финансирање на проекти по однос на фаворизирање на општини. Фактите говорат дека нема поделба, постои транспарентна распределба на државните пари.
„Ги спомнавте општините и почнавте да ја делите работата за едни има за други нема. Сите 80 општини аплицираа на повикот за проекти, одобрени 357 проекти, дали знаете каква поделба има таму? Нема поделба. Транспарентно и одговорно распределба на државните народни пари“, изјави Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека ќе следуваат промени во корист на граѓаните, зголемување на животен стандард и ова ќе биде реалност од која ќе нема отстапување.
„И ќе кажам, да ќе нема сиромаштија ќе нема брзи кредити кога граѓаните ќе имаат повисоки плати, а ќе имаат, кога пензионерите ќе имаат повисоки пензии, а ќе имаат, тоа е новата реалност која ќе се случува“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
Утре без струја неколку скопски населби
Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“.
„Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, населба Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“.
Македонија
„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ
„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.
„Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри.
Сопруга на екс градоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет. Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд. Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.
Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. На кого веќе не му е јасно?
Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

