Контакт

Македонија

Денес ќе се одбележи светскиот ден на дијабетесот

Објавено пред

Под мотото „Благостојбата кај лицата со Дијабетес – создаваме дијабетес култура“ како носечка порака на Меѓународната Дијабетес Федерација, денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) ќе го одбележи Светскиот ден на дијабетесот.

dobivaj vesti na viber

Согласно нашата мисија, како што соопштија од СЗДСМ, како мрежна  организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравствени политики усогласени со ЕУ стандардите и користење на најнови иновативни технолошки достигнувања и терапија за третман на лицата со дијабетес, како и создавање на поттикнувачка дијабетес култура, од овој концепт очекуваат да се дефинираат активности кои ќе иницираат соработка со јавните здравствени институции на партнерско ниво, соработка со здравствените власти на национално и локално ниво, соработка со образовните установи и приватниот сектор, како и нивно меѓусебно вмрежување.

На свечената церемонија, најавено е, да се презентираат клучните активности кои ги реализиравме за имплеменатција на Националната програма за дијабетес, а се очекува да бидат потпишани Меморандуми за соработка со здруженијата на кардиолози, нефролози, општи и семејлни лекари на Македонија.

Ова одбележување ќе биде заокружено со промоција на ново издание на книгата со наслов „Да се храниме и готвиме здраво“ комплетен водич со практични совети и рецепти за здрава исхрана, од м-р по нутриоцинизам науки Везире Старова.

Македонија

Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството, сооппти нејзиниот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Советот за млади, кој се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите, се состои од претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, претставници од научни образовни установи, младински и студентски здруженија, како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.

За претседател на Советот за млади е именувана Лина Рангелова, а за членови на советот се именувани Кети Костовска, претставник од Министерство за образование и наука, Кристина Антовска, претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади, Ивана Митреска, претставник од Министерство за спорт, Драгана Бојковска, координатор на Клуб за младински прашања и политики, Арта Ќерими, Александар Каратошо, Марија Крстева, Дамјан Коњановски, Филип Ивановски, Александар Николовски, Ива Трпески, Кристијан Лазарев, Дарко Трајкоски, Доан Сулејманоски, Греса Ќаил, Филип Ивковски, Елена Спасевски, Дениз Мифтари и Христијан Илиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кузеска: ДКСК да го испита спорното именувањето на Трпковска во АЕК

Објавено пред

Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК, вели денес на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска и додава дека сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации)  со надоместок од 2.700 евра месечно.

dobivaj vesti na viber

„Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти. Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт. Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија. На нејзината фирма адвокат и беше Панче Тошковски.  Дали ова не е конфликт на интерес само по себе? Дали блиските релации на нејзиното најтесно семејство со Панче Тошковски се една од причините зошто е избрана Трпковска? Нема ништо независно. Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации. Еве ја биографијата на Трпковска.  Навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации.  Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд  како што самата  Трпковска напишала во биографијата. Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам ‘посебни знаење од областа на електронските комуникации’“, изјави Кузеска.

Таа вели дека тоа не е случај со Трпчковска и СДСМ изразува сомнеж дали таа воопшто ги исполнува условите и основните критериуми.

„Станува збор за целосно некомпетентен човек , без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција. ДПМНЕ и Мицкоски едно ветуваа пред изборите, сега друго прават. Не само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Нема. Со партизација  и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите. Или до ова дереџе е дојдена работата или мотивите се сите зделки на власта понатаму во делот на телекомуникациите да бидат под  партиска контрола на ДПМНЕ во АЕК. Бараме повлекување на ова одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас“, додава Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени

Објавено пред

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.

dobivaj vesti na viber

Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %.

Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Притвор доби малолетникот кој со нож нападна две деца во Карпош

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на...

Македонија3 часа

Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат...

Македонија5 часа

Утрово земјотрес во Дојран

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти...

Свет6 часа

Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница (ВИДЕО)

Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси,...

Македонија1 ден

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР, ова е само за да се затскрие настанот со бомбата во Ќерамидница

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските...

Македонија1 ден

Отказ добија 15 високи полициски функционери, кои незаконски давале дозволи за поседување оружје

Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување оружје,...

Свет1 ден

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да стави...

Македонија1 ден

Од денес задолжителна зимска опрема за возилата

Од денес почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска...

Македонија1 ден

Граѓаните дишат загаден воздх, а власта ги намали парите за животна средина и чист воздух во буџетот, реагираат од СДСМ

Според СДСМ, не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе презема мерки за воздухот и со системски решенија ќе обезбеди чиста животна средина

Загадувањето на воздухот не е проблем што може да се реши во четири месеци власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од...

Свет1 ден

Зеленски ќе претстави нов план следната недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, најави дека следната недела ќе претстави нов план составен од 10 точки. „Продолжуваме да работиме на...

Македонија1 ден

Подготвени сме да се соочиме со гласачите, велат од ДУИ барајќи предвремени избори

Политичката партија ДУИ и утрово се осврна на повикот за предвремени избори, заедно со локалните, коментирајќи дека тоа не е...

Македонија1 ден

Променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег

Времето денеска, променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од...

Македонија2 дена

Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во скопската населба Ќерамидница, каде што утрово при...

Македонија2 дена

Бесплатни тестови за рак на простатата во „Железничар“: капка крв може да им го смени животот на мажите над 45 години

Секој четврток до крајот на овој месец во Здравствениот дом „Железничар“ во центарот на Скопје мажите над 45 години може...

Македонија2 дена

Дали в година ќе има нови лекови за дијабетес на позитивната листа ќе одлучи комисијата, вели Таравари

Дали в година ќе има нови лекови за дијабетес на позитивната листа, ќе одлучи комисијата која е формирана од Министерството...

Македонија2 дена

Бомбата во Ќерамидница фрлена во дворот на Штекли, кој претходно се обидоа двапати да го убијат во „Ист гејт мол“

Бомбата во скопската населба Ќерамидница била фрлена во дворот на Раде Трајковски-Штекли, кој е пренесен во болница, но е надвор од...

Европа2 дена

(Видео) Нови снимки од поплавите во Шпанија, над илјада интервенции во текот на ноќта

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Shocking scenes from the...

Македонија2 дена

Ненавремено доставување на пратките, долгови, неправилности со фактурите и тендерите, констатира ревизорскиот извештај за „Пошта“

Ненавремено доставување на пратките, долгови, задолженост со кредити и камати, неправилности со јавните набавки, систематизацијата, се само некои од забелешките...

Топ2 дена

Кривична за убиство од небрежност: застрелал човек со кој бил во лов на дивеч

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип...