Спорт
(Видео) Романците револтирани од однесувањето на репрезентативците на Косово, Рахмани и порача на УЕФА дека „Косово е Косово или Косово е Албанија“
Извиците на „Србија, Србија“ од трибините на стадионот во Букурешт во судиското надополнување на натпреварот помеѓу Романија и Косово (0:0) од Ц дивизијата во Лигата на нации толку многу ги налутија гостинските фудбалери поради што демонстративно го напуштија теренот и му кажаа на данскиот судија Мартен Крог дека повеќе нема да играат поради провокација од романските навивачи.
Можете да го погледнете ТУКА.
Судијата им порачал дека им дава пет минути да се вратат на теренот. Репрезентативците на Косово, на што судијата им порачал дека им го продолжува рокот за десет минути.
Сепак, судијата Крог заедно со своите помошници и романските репрезентативци чекаа подолго, а противниците не се врарија да ја доиграат преостанатата минута од натпреварот.
Данскиот судија означи крај на натпреварот, а Романците се револтирани од ваквото однесување на репрезентативците на Косово.
Breaking | Surreal! Kosovo walk off the pitch in the 93rd minute of their Nations League match in Romania after the local fans chanted Serbia's name. Game interrupted!!! The Kosovo players are inside their locker. pic.twitter.com/CZUp2dvRIN
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 15, 2024
Новинарот Емануел Росу објави фотографија од соблекувалната на гостите по нивното заминување и напиша: „Додека играчите и тренерите на Романија беа на теренот на минус 2 степени повеќе од еден час чекајќи ги играчите на Косово да се вратат за да го доиграат натпреварот, гостите нарачале пици и се гоштевале во соблекувалната, пред да објават дека нема да се вратат на теренот. Изгледа дека донеле таква одлука многу порано. Погледнете какви купишта ѓубре оставија во соблекувалната“.
While Romania's players and staff were kept waiting on the pitch for more than 1h at -2°, Kosovo's players ordered pizza and treated themselves in the locker room, before deciding not to return to end the match in Bucharest. It seems to me the decision was taken well before it… pic.twitter.com/MtfqBeqQxU
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 16, 2024
Капитенот на Косово, Амир Рахмани објасни што се случувало и испрати порака до УЕФА.
„Постојано скандира „Косово е Србија“. Ова се случуваше цели 90 минути. Во финишот почнаа да викаат и други работи што не сакам да ги повторувам бидејќи се срами. Првиот пат му кажав за судијата, но тој не реагираше. Вториот пат одби да слуша. По трет пат му кажав дека го напуштаме теренот. Тогаш навивачите почнаа да скандираат „Косово е Србија“, па решивме да заминеме и да не се враќаме на теренот, за разлика од лани“, изјави капитенот на косовската репрезентација Амир Рахмани.
Во исто време тој испрати порака до УЕФА.
„УЕФА мора да донесе одлука. Ние не сме фудбалери и тука сме да го претставуваме нашиот народ, нашата земја која има тешко минато. Имавме голема војна која однесе многу животи, имаше масакри. Ова е премногу. Сите треба да знаат: Косово е Косово или Косово е Албанија. Тоа е тоа. Со ова завршува шоуто“, додаде тој.
УЕФА ќе треба експресно да донесе одлука, а според шпекулациите натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат за Романија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

