Спорт
Бањаја на пол-позицијата, Мартин четврти пред финалната пресметка за титулата
Франческо Багнаја ја освои пол-позицијата во пресрет на последната трка од Мото ГП шампионатот, која се одржува во Барселона. Неговиот главен ривал и лидер во првенството Хорхе Мартин беше четврти.
Мартин има 24 поени повеќе од Бањаја и тој би можел попладнево во спринтот да ја освои прваата титула во Мото ГП шампионатот.
Бањаја постави време од 1:38.641 круг на своето Дукати. Алеиш Еспаргаро (Априлија) беше втор, додека Марк Маркез (Гресини Дукати), повеќекратниот светски шампион, заврши трет. Мартин е прв во вториот стартен ред, а ќе му се придружат тимскиот колега Франко Морбидели и младиот Педро Акоста (ГасГас КТМ).
Спринт трката е закажана за 15 часот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бањаја го доби спринтот во Барселона, Мартин заврши трет
Актуелниот светски првак Пеко Бањаја победи во спринт трката во Барселона. Лидерот во вкупниот пласман, Хорхе Мартин го освои третото место. Разликата меѓу нов двајца во пресрет на последната трка во сезоната сега изнесува 19 поени.
Спринтот во Барселона не понуди некаков спектакл. Бањаја стартуваше од првата позиција и во ниту еден момент не го испушти водството. брилијантен старт имаше колегата на Бањаја, енеа Бастијанини, тој од седмото се проби на второто место, додека Мартин напредуваше една позиција на стартот.
До крајот борбата се водеше меѓу Бастијанини и Мартин за второто место. Шпанецот во четвртиот ктуг се проби зад Бањаја, меѓутоа Италијанецот му возврати во последниот круг, кога со одличен маневар во петтиот свиок се врати на второто место.
Во пресрет на утрешната трка, Мартин има 19 поени повеќе од Бањаја, што значи дека доколку Бањаја утре победи тој ќе мора да освои седум бода, односно да биде деветти.
Трката во Барселона, в недела ќе започне во 14 часот.
Спорт
Лион условно исфрлен од Лига 1
Францускиот национален комитет за контрола и управување (ДНЦГ) одлучи условно да го исфрли фудбалскиот клуб Лион од Лига 1 доколку не ја стабилизира финансиската состојба до крајот на сезоната.
Како што пишува „Монд“, ДНЦГ му забрани на Лион да реализира трансфери во зимскиот преоден рок и ќе има целосна контрола врз финансиската состојба на клубот.
По состанокот со претставниците на ова тело, сопственикот на Лион, Џон Текстор изјави дека е уверен дека се е во ред и дека не знае како регулаторот гледа на ситуацијата во клубот.
„Верувам дека ДНЦГ е независен од некои притисоци што ги гледате. Имаме многу непријатели во раководството на лигата, како и голем клуб од Катар“, рече Текстор, мислејќи на Пари Сен Жермен, кој е во сопственост на катарското кралско семејство.
Текстор е еден од косопствениците на Кристал Палас и најголем акционер на бразилски Ботафого.
Претходната сезона Бордо испадна од француската втора лига во четврта поради лоша финансиска состојба.
Лион е на петтото место на табелата во Лига 1 со 18 бодови, додека во Лига Европа е на деветтото место со седум освоени бодови.
Спорт
Португалија без четворица против Хрватска
Португалија го обезбеди првото место Групата 1 А од Лигата на нации на коло до крајот по убедливата победа од 5:1 против Полска. Португалија во последното коло ќе гостува во Хрватска.
Португалците сега ја чекаат разврската во останатите групи кога и ќе го дознаат противникот во четвртфиналето.
Затоа селекторот Роберто Мартинез реши да ги одмори четворицата најдобри играчи, тие нема да играат против Хрватска.
Дозвола да се вратат во своите клубови добија Кристијано Роналдо (Ал Наср), Бернардо Силва (Манчестер сити), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед) и Педро Нето (Челзи).
Ова значително ќе и ја олесни работата на Хрватска на која и е потребен само еден бод за да обезбеди учество во четвртфиналето.
Натпреварот е закажан за понеделник, 18 ноември во 20:45 часот на стадионот Пољуд во Сплит.