Спорт
Синер без загубен сет го освои завршниот Мастерс

Јаник Синер го освои завршниот Мастерс во Торино и на најдобра начин ја заокружи извинредната сезона. Уште од претходно беше познато дека Италијанецот сезоната ќе ја заврши на првото место.
Синер во финалето на завршниот Мастерс го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:4, 6:4 за 85 минути игра. Италијанецот одлично севираше, го контролираше мечот, направи по еден брејк во двата сета што му беше доволно за победа.
Синер стана првиот тенисер по 38 години кој го освоил трофејот на последниот АТП турнир во годината без загубен сет. Претходно, тоа му успеа на Иван Лендл во 1986 година.
Италијанецот ја заврши 2024 година со осум титули, со 66 победи и само шест порази. Покрај титулата во Торино, тој славеше и на Ју-ес опен и Австралија опен, ги освои Мастерс турнирите во Шангај, Синсинати и Мајами, и турнирите од серијата 500 во Хале и Ротердам.
Вкупно во кариерата има 18 трофеи, а заработи нешто повеќе од 30 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах ќе чека до последен момент, но преферира трансфер во Саудиска Арабија

Мoхамед Салах (32) се уште е заинтересиран за преселба во Саудиската Про лига ова лето, пренесуваат британските медиуми. Актуелниот договор на Египќанецот со Ливерпул истекува по завршувањето на сезоната. Досега двете страни не успеаја да договорат продолжување на соработката.
Како што се повеќе се шпекулира за неговата иднина на „Енфилд“, се појавија информации дека челниците на саудиски клуб размислуваат за понуда за египетскиот крилен напаѓач, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Ал Хилал.
Според „Телеграф“, Салах сака да замине во Саудиска Арабија, но приоритет му е прво да слушне што има да му понуди Ливерпул. Минатата недела во египетските медиуми се појавија тврдења дека Ливерпул веќе започнал преговори со Рами Абас, агентот на Салах, за да се обиде да договори продолжување на соработката.
„Телеграф“, наведува и дека има мали шанси Салах да замине во Саудиска Арабија пред Светското клупско првенство ова лето.
Спорт
(Видео) Реал е голем клуб, ваква помош од судиите не му е потребна“

Реал Мадрид се пласира во финалето на Купот, откако по 120 минути одигра 4:4 против Реал Сосиедад. Во регуларниот дел натпреварот заврши со победа на тимот од Сан Себастијан (3:4).
Реал во 80.минута имаше минус од два гола, се врати во натпреварот со головите на Белингем и Чуамени во 82. и 86.минута, а продолженија на Сосиедад му обезбеди Ојерзабал со голот во 93.минута. Апсолутен херој на реал во продолженијата стана Ридигер кој со голот во 115.минута го постави конечниот резулта.
Иманол Алгуасил, тренерот на Реал Сосиедад, се пожали на судиите по натпреварот:
„Голот на Реал за 3:3 дојде по очигледниот офсајд на Мбапе. Јасно е дека тој беше во недозволена позиција во акцијата пред корнерот по кој беше постигнат голот. Тоа е офсајд, и тоа офсајд што секогаш се суди. Не знам зошто не беше суден во оваа ситуација. Реал Мадрид е голем клуб и не му е потребна ваква помиш од судиите. Тврдам дека овој гол да беше постигнат на дугата страна дека ќе беше поништен“.
Mbappe was offside here and confuse the Sociedad player, Madrid got a corner and score from the corner, the world knows. 🤌pic.twitter.com/bWvbtzwG1i
— Football Ferreira (@FootFerreira) April 1, 2025
Спорт
ФК Партизан поднесе кривични пријави против поранешни високи функционери

Фудбалскиот клуб Партизан поднесе кривична пријава против поранешните високи клупски функционери, Ивица Илиев и Милош Вазура.
Објавена е и фотографија од кривичната пријава против поранешниот спортски директор Илиев и поранешниот генерален директор Вазура, која е поднесена до Вишото јавно обвинителство во Белград. Објавен е и документ кој потврдува дека тоа навистина е направено.
Според првите информации тие се обвинети дека му нанеле штета на клубот од 156.000 евра.
Тужбата во име на Партизан ја поднесоа Расим Љајиќ и Данко Лазовиќ, членови на работна група на клубот.