Спорт
Меси: Секогаш му се восхитував на Зидан и страдав затоа што е од Мадрид

За многумина Зинедин Зидан е еден од најдобрите играчи во историјата. Легендарниот Французин освои се како играч. Беше светски првак, европски првак и освојувач на Лигата на шампионите. Ја освои и Златната топка, а како тренер три пати со Реал беше најдобар во Европа.
Професионалната кариера на Зидан траеше од 1990 до 2006 година. Играше за Кан, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид. Освои 11 клупски трофеи, додека со Франција беше светски и европски првак. Во 1998 година ја освои Златната топка, односно беше прогласен за најдобар светски фудбалер.
Лео Меси, за многумина апсолутен број еден во историјата на фудбалот, откри дека му се восхитува и на легендарниот Зизу.
Аргентинецот имаше можност да игра против него на почетокот на својата кариера, а ривали беа подоцна кога Зидан од клупата го предводеше Реал. Зборувајќи за Французинот, Меси рече:
„За мене, Зидан е еден од најдобрите играчи во историјата, секогаш му се восхитував. Го следев многу во Реал Мадрид и страдав затоа што беше од Мадрид. Тој секогаш беше вистински играч. Различен, елегантен, висок, магичен, имаше се“.
Меси дебитираше за првиот тим на Барса пред 20 години и до 2021 година, кога замина во ПСЖ, стана рекордер на клубот по настапи, голови, асистенции и трофеи. На 778 официјални натпревари, тој постигна 672 гола и забележа 303 асистенции. Освои 35 трофеи, а кога тука ќе се придодадат и трофеите со националниот тим, тој е најтрофеен фудбалер во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Очоа ќе брани за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.
Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.
Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.
Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.
Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.
Foto/ ael.com.cy
Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Синот на Роналдињо во Чемпионшип

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш (20) потпиша едногодишен договор со англискиот клуб Хал.
Англискиот клуб, член на Чемпионшип, со пораката „Добредојде Жоао“, го официјализираше трансферот на фудбалерот кој ќе се обиде да се докаже во нова средина.
Досега, Жоао не играше сериозен фудбал во континуитет.
Претходната сезона ја помина во Барнли, без ниту еден настап, не регистрираше ниту еден натпревар за сениорите (играше за тимот до 21 година), па ги напушти редовите на новиот член на Премиер лигата по само една сезона.
Претходно, како јуниор, играше за бразилските клубови Фламенго, Боависта, Васко да Гама и четири сезони за Крузеиро. Својата европска кариера ја започна во Барселона, каде што не ја помина пробата.
Фото/ Принтскрин