Македонија
СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ
Партизацијата којашто Панче Тошковски и ДПМНЕ ја спроведувата во МВР значи шиканирање и отпуштање професионалци на сметка на партиски војници кои работата за партијата а не за државата, велат од СДСМ утрово преку соопштение.
„Еве ја партизацијата на безбедносните служби на дело. На фотографии од партиски состанок на ДПМНЕ објавени од Јован Јаулевски на Фејсбук јасно се гледа дека учествуваат и двајца полицајци од полициската станица Струга, меѓу нив и Ѓорѓи Стојанов, кандидат за Командир.
Политички активности на полициските службеници се забранети со Закон.
Еве шанса за Тошковски, ајде да видиме дали ќе поднесе иницијтива за нивно сакнционирање.
СДСМ го повикува и Одделот за внатрешната контрола и профеисонални стандарди при МВР да поведе дисциплинска постапка.
Партизацијата на безбедносните институции којашто ја спроведува ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Панова: Зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати
Во текот на денешната општа расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, при што посебен акцент и осврт даде на судството и обвинителството кои до сега немале повисоки буџети.
Таа истакнува дека буџетот на судската власт е за речиси 8% поголем од буџетот предвиден за 2024 година, додека пак кај обвинителството зголемувањето е за 9,5%, но истовремено од друга страна, во последните години довербата на граѓаните во правосудството е алармантно ниска или само 2%, што е аларм дека системот не функционира како што треба и дека граѓаните не го чувствуваат истиот како средство за заштита на нивните права.
„Во овој контекст, поставувањето на барањето за зголемени средства за правосудството и обвинителството мора да биде предмет на внимателен преглед. Дали повеќе пари ќе го решат проблемот? Не, ако нема реформи во самиот систем. Буџетските средства не можат да го поправат структурниот проблем што лежи во етиката и интегритетот на самите судии и обвинители“, децидна е Панова.
Според неа, доделувањето на поголеми финансиски средства треба да биде условено со потполна системска реформа која истовремено ќе значи и повисоки стандарди на морал и етика во правосудството, бидејќи на нашето општество му е потребен систем кој ќе биде ефикасен, правичен и професионален.
„Предлогот за зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати. Првенствено, мора да се постават стандарди за избор и оценка на судиите и обвинителите, кои ќе бидат транспарентни и јавни. Треба да се обезбедат механизми за надзор и санкционирање на неетичкото и неефикасно работење. Сè тоа ќе биде основа за изградба на довербата што ја изгубија нашите граѓани“, заклучува Панова.
Македонија
Јамалов: Во 2025 година очекуваме раст на економијата од 3,7% преку реализација на капитални инвестиции во износ од 50,5 милијарди денари
Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој потенцираше дека во 2025 година се очекува економијата на Република Македонија да забележи раст од 3,7% и тоа би претставувало значително подобрување во споредба со изминатите години.
Јамалов додаде дека предвидениот раст од 8,1% на бруто-инвестициите ќе биде поттикнат од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.
„Дополнително, растот ќе биде поддржан преку поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животот на граѓаните во износ од нови 250 милиони евра, покрај овогодинешните 100 милиони евра. Значителен придонес се очекува и од инвестициската активност на домашните компании, како резултат на исклучително поволните финансиски средства обезбедени преку заемот од Унгарија“, рече Јамалов.
Пратеникот посочи дека капиталните инвестиции се централниот елемент на предлог буџетот за 2025 година кои ќе изнесуваат околу 50,5 милијарди денари.
„Со износ од 50,5 милијарди денари, или 5% од БДП, овие инвестиции ќе бидат насочени кон проекти кои ќе имаат долгорочен економски и социјален импакт. Ова создава предуслови за нов циклус на економски раст, обезбедување значително ниво на јавни инвестиции коишто се основа за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните“, истакна Јамалов.
Македонија
Екс директорот го украл ехо-апаратот од болницата во Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С. Т. (49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.
Тој во периодот од 8.7.2021 до 7.8.2024 во својство на директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево, со намера да стекне противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо-апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денара.
Пријавениот ехо-апаратот не го ставил во употреба во услови на ковид-пандемијата.