Спорт
Родри: Надал претставува сè што треба да биде и има еден спортист

Добитникот на овогодинешната Златна топка, фудбалерот на Манчестер сити, Родри откри дека негов пример во животот е сонародникот, Рафаел Надал.
Родри открил дека има одредени сличности меѓу двајцата.
„Можам да направам јасна споредба меѓу мене и Рафа Надал за едно прашање“, изјави Родри за „Релево“, а потоа продолжи:
„Се работи за неговите луѓе од доверба, чичкото Тони, неговото семејство, оние кои стојат зад него. Сето тоа ме потсетува на мене. Го следеа каде и да одеше, тие беа столбовите на неговата кариера. Луѓето со кои е опкружен не секогаш му го кажуваат она што би сакал да го слушне, истото е и со мене“.
За Родри, рафа Надал е идеален тип на спортист.
„За мене Рафа претставува сè што треба да биде и има еден спортист, да биде конкурентен, да биде пожртвуван, да може да се врати на и надвор од теренот. Никогаш во животот не скршил рекет, секогаш ги почитувал правилата…“, смета Родри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Очоа ќе брани за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.
Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.
Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.
Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.
Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.
Foto/ ael.com.cy
Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Синот на Роналдињо во Чемпионшип

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш (20) потпиша едногодишен договор со англискиот клуб Хал.
Англискиот клуб, член на Чемпионшип, со пораката „Добредојде Жоао“, го официјализираше трансферот на фудбалерот кој ќе се обиде да се докаже во нова средина.
Досега, Жоао не играше сериозен фудбал во континуитет.
Претходната сезона ја помина во Барнли, без ниту еден настап, не регистрираше ниту еден натпревар за сениорите (играше за тимот до 21 година), па ги напушти редовите на новиот член на Премиер лигата по само една сезона.
Претходно, како јуниор, играше за бразилските клубови Фламенго, Боависта, Васко да Гама и четири сезони за Крузеиро. Својата европска кариера ја започна во Барселона, каде што не ја помина пробата.
Фото/ Принтскрин