Скопје
Стојкоски: Младите се нашиот приоритет, Општината не ги заборава – вложуваме во нивната иднина

Општина Ѓорче Петров, продолжува со инвестиции во спортот и младите генерации. По долг период, општината повторно се развива, инвестира и обновува, со јасна стратегија за создавање современи спортски објекти кои ќе го поттикнат здравиот и активен живот на најмладите. Во рамките на оваа визија, неодамна беше завршена реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, каде што е поставена нова тартан подлога на површина од 650 м², известуваат од општината.
Во таа насока, градоначалникот Александар Стојкоски порача:
„Младите се нашиот приоритет! Општината не ги заборава – вложуваме во нивната иднина со модерни, безбедни и инспиративни простори каде ќе растат, ќе учат и ќе се забавуваат. Ѓорче Петров ја гради иднината на спортот, а со тоа ја гради и иднината на нашите деца“.
Дополнително, општината реализираше и други значајни проекти од ваков карактер, вклучувајќи: Реконструкција на спортските терени во населбата Даме Груев со нова тартан подлога; Реновирање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Волково со 1.500 м² нова подлога; Поставување вештачка тревна подлога во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“; Изградба на нов фудбалски терен кај стадионот во Ѓорче Петров.
Во претстојниот период, општината ќе започне со поставување на вештачка тревна подлога во училиштата „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“, дополнително подобрувајќи ги спортските услови, додаваат од општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)