Црна хроника
За еден ден двајца пешаци завршија во болница, МВР изврши увид
Двајца пешаци во текот на вчерашниот ден се здобиле со тешки повреди кога во нив удриле автомобили, во Делчево и Скопје.
Првата несреќа се случила вчера во 16 часот во Сарај, кога автомобил удрил во 51-годишна жена.
„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(58) од селото Глумово, скопско, удрило во С.С.(51) од Сарај. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје“, соопшти МВР.
Околу два часа подоцна, пешак настрада и во Делчево. СпоДред информациите на полицијата, на улицата Светозар Марковиќ во Делчево, автомобил „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управуван од З.О.(48), удрил во пешакот Т.А.(57), двајцата од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен е полициски увид на двете места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

