Спорт
Нејмар нема да се врати во Сантос
Пини Захави, менаџерот на Нејмар, ги отфрли медиумските шпекулации дека неговиот клиент ќе го напушти Ал Хилал и ќе се врати во Сантос, каде ја започна професионалната кариера.
Бројни медиуми објавија дека Нејмар преговара со саудискиот клуб за раскин на договорот за да се врати во Сантос, но Захави изјави дека 32-годишниот бразилски фудбалер е среќен во Ал Хилал и дека нема преговори за раскинување на соработката. .
Сепак, бразилскиот новинар специјализиран за трансфери, Цезар Луис Мерло на мрежата „Х“ напиша дека Нејмар и Сантос се блиску до постигнување договор.
Нејмар кариерата ја започна во Сантос, за кој од 2009 до 2013 година одигра 225 натпревари, постигна 136 гола и имаше 64 асистенции. Тој го предводеше тимот до трофејот во Купот на Бразил во 2010 година, Купот Либертадорес во 2011 година и една година подоцна до Копа Судамерикана.
Најдобрата сезона ја имаше во 2011/2012 година, во која постигна 44 гола и имаше 17 асистенции на 49 натпревари.
Тој играше многу успешно за Барселона, од каде во 2017 година се пресели во Пари Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра. Тој ги напушти „светците“ во 2023 година и се пресели во Ал Хилал.
На 21 октомври Нејмар се врати на терените, по едногодишна пауза поради повреда на лигаментите и менискусот, но ја повреди тетивата и ќе отсуствува до шест недели.
Договорот на Нејмар со Ал Хилал истекува во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Фото) Кејн доби статуа во Лондон
Откако пет години собираше прашина во магацин, статуата на Хари Кејн конечно беше откриена. Првите оценки се дека е вистински „кошмар“.
Капитенот на Англија, некогаш ѕвезда на Тотенхем, а сега ѕвезда на Баерн, доби статуа пред спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон.
„Многу сум горд, ова беше момент да се вратам таму каде што започна мојот фудбалски живот. Се надевам дека ова ќе и помогне на новата генерација да најде инспирација да работи напорно и да работи на себе“, изјави Кејн.
Можеби фактот дека изработката на статуата чинела 7.200 фунти објаснува некои работи. Нарачката е направена од Велтам Форест, каде што е роден Кејн, во 2019 година додека Кејн играше во Тотенхем.
Меѓутоа, градските власти ја оставиле статуата во складиште цели пет години, бидејќи не можеле да најдат соодветно место да ја изложат.
Сега и тоа е решено, па Кејн можеше да одвои малку време лично да присуствува на нејзиното поставување за време.
A real proud moment for me to go back to where my life in football began and unveil a statue. I hope it helps inspire the next generation to work hard and believe in themselves. 🙌📸 pic.twitter.com/rbAs8RrZgS
— Harry Kane (@HKane) November 18, 2024
Спорт
Кошаркарите ги почнаа подготвките за двомечот со Литванија
Фото/ kfsm.mk
Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготвките за двомечот со Литванија, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Макеоднија во четврток ќе ја пречека Литванија во Скопје, натпреварот ќе започне во 18 часот, а на 24.ноември ќе гостува во Литванија.
Победа и пораз имаат македонските кошаркари по првите две рунди во Х групата. Идентичен учинок имаат и Литванците, а лидер во групата е Естонија со две победи, додека Полска е последна со два порази.
Една победа, во двата натпревар, против фаворизираната Литванија ќе ги отвори на Македонија портите за пласман на Европското првенство.
„Работите се такви што мораме да победиме да победиме на еден натпревар за да ги задржиме шансите за пласман на следното европско првенство. Литванија е фаворит, тоа е една исклучително добра репрезентација. Натпреварот во Скопје ќе покаже дали сме подготвени за настап на Европско првенство“, рече селекторот Александар Јончевски.
Селекторот и стручниот штаб се соочуваат со сериозни кадровски проблеми пред првиот натпревар. Поради обврски кон своите клубови во Евролигата првиот натпревар ќе го порпушти Ненад Димитирјевиќ, исто така и Ти-Џеј Шортс и покрај тоа што изборот за натурализиран кошаркар е Итан Хап.
И кошаркарот на Валенсија веројатно ќе го порпушти првиот меч поради здравствени проблеми. Против Литванија во Скопје нема да игра и плејмејкерот на МЗТ, Андреј Магдевски.
Спорт
Барселона без Мету до крајот на годината
Крилниот центар на Барселона, Чимези Мету, доживеа тешка повреда минатата среда против Париз.
Кошаркарите на Барселона во средата го победија Партизан во Арената, а потоа во петокот беа поразени од Париз во двојното коло од Евролигата во Блауграна.
На натпреварот против Париз крилениот центар, Чимези Мету го повреди коленото и Барса стравуваше од лоши вести, а според официјалното соопштение на клубот, Мету е тешко повреден.
„Тестовите потврдија дека нашиот играч Чимези Мету заработил повреда на медијалните лигаменти (МЦЛ) на левото колено и се работи за повреда од втор степен. Се претпоставува дека за шест до осум недели ќе се врати во тимот“, соопшти Барселона.
Чимези Мету дојде во Барселона ова лето, тој е поранешен студент на УСЦ кој играше во НБА од 2018 до 2024 година за Сан Антонио Спарс, Сакраменто Кингс, Феникс Санс и Детроит Пистонс.
Во Евролигата на 10 одиграни натпревари во дресот на Барселона има просек од 7,9 поени и 4,4 скока.
Les proves realitzades han confirmat que el jugador Chimezie Metu ha patit un esquinç de grau 2 del lligament col·lateral intern del genoll esquerre. Seguirà un tractament conservador, amb un temps aproximat de recuperació d’entre 6 i 8 setmanes. pic.twitter.com/1u92E9MBr6
— Barça Basket (@FCBbasket) November 18, 2024