Спорт
(Фото) Кејн доби статуа во Лондон

Откако пет години собираше прашина во магацин, статуата на Хари Кејн конечно беше откриена. Првите оценки се дека е вистински „кошмар“.
Капитенот на Англија, некогаш ѕвезда на Тотенхем, а сега ѕвезда на Баерн, доби статуа пред спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон.
„Многу сум горд, ова беше момент да се вратам таму каде што започна мојот фудбалски живот. Се надевам дека ова ќе и помогне на новата генерација да најде инспирација да работи напорно и да работи на себе“, изјави Кејн.
Можеби фактот дека изработката на статуата чинела 7.200 фунти објаснува некои работи. Нарачката е направена од Велтам Форест, каде што е роден Кејн, во 2019 година додека Кејн играше во Тотенхем.
Меѓутоа, градските власти ја оставиле статуата во складиште цели пет години, бидејќи не можеле да најдат соодветно место да ја изложат.
Сега и тоа е решено, па Кејн можеше да одвои малку време лично да присуствува на нејзиното поставување за време.
A real proud moment for me to go back to where my life in football began and unveil a statue. I hope it helps inspire the next generation to work hard and believe in themselves. 🙌📸 pic.twitter.com/rbAs8RrZgS
— Harry Kane (@HKane) November 18, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах ќе чека до последен момент, но преферира трансфер во Саудиска Арабија

Мoхамед Салах (32) се уште е заинтересиран за преселба во Саудиската Про лига ова лето, пренесуваат британските медиуми. Актуелниот договор на Египќанецот со Ливерпул истекува по завршувањето на сезоната. Досега двете страни не успеаја да договорат продолжување на соработката.
Како што се повеќе се шпекулира за неговата иднина на „Енфилд“, се појавија информации дека челниците на саудиски клуб размислуваат за понуда за египетскиот крилен напаѓач, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Ал Хилал.
Според „Телеграф“, Салах сака да замине во Саудиска Арабија, но приоритет му е прво да слушне што има да му понуди Ливерпул. Минатата недела во египетските медиуми се појавија тврдења дека Ливерпул веќе започнал преговори со Рами Абас, агентот на Салах, за да се обиде да договори продолжување на соработката.
„Телеграф“, наведува и дека има мали шанси Салах да замине во Саудиска Арабија пред Светското клупско првенство ова лето.
Спорт
(Видео) Реал е голем клуб, ваква помош од судиите не му е потребна“

Реал Мадрид се пласира во финалето на Купот, откако по 120 минути одигра 4:4 против Реал Сосиедад. Во регуларниот дел натпреварот заврши со победа на тимот од Сан Себастијан (3:4).
Реал во 80.минута имаше минус од два гола, се врати во натпреварот со головите на Белингем и Чуамени во 82. и 86.минута, а продолженија на Сосиедад му обезбеди Ојерзабал со голот во 93.минута. Апсолутен херој на реал во продолженијата стана Ридигер кој со голот во 115.минута го постави конечниот резулта.
Иманол Алгуасил, тренерот на Реал Сосиедад, се пожали на судиите по натпреварот:
„Голот на Реал за 3:3 дојде по очигледниот офсајд на Мбапе. Јасно е дека тој беше во недозволена позиција во акцијата пред корнерот по кој беше постигнат голот. Тоа е офсајд, и тоа офсајд што секогаш се суди. Не знам зошто не беше суден во оваа ситуација. Реал Мадрид е голем клуб и не му е потребна ваква помиш од судиите. Тврдам дека овој гол да беше постигнат на дугата страна дека ќе беше поништен“.
Mbappe was offside here and confuse the Sociedad player, Madrid got a corner and score from the corner, the world knows. 🤌pic.twitter.com/bWvbtzwG1i
— Football Ferreira (@FootFerreira) April 1, 2025
Спорт
ФК Партизан поднесе кривични пријави против поранешни високи функционери

Фудбалскиот клуб Партизан поднесе кривична пријава против поранешните високи клупски функционери, Ивица Илиев и Милош Вазура.
Објавена е и фотографија од кривичната пријава против поранешниот спортски директор Илиев и поранешниот генерален директор Вазура, која е поднесена до Вишото јавно обвинителство во Белград. Објавен е и документ кој потврдува дека тоа навистина е направено.
Според првите информации тие се обвинети дека му нанеле штета на клубот од 156.000 евра.
Тужбата во име на Партизан ја поднесоа Расим Љајиќ и Данко Лазовиќ, членови на работна група на клубот.