Контакт

Европа

(Видео) Најмалку седум загинати во рускиот напад врз украински град

Објавено пред

Експлозии се слушнале доцна синоќа во градот Хлухив во регионот Сума. Украинските медиуми објавија дека руско беспилотно летало удрило во станбена зграда, предизвикувајќи смртни случаи и повреди, а луѓето се уште може да останат заробени под урнатините.

dobivaj vesti na viber

Според првите информации за бројот на жртвите во рускиот напад врз градот Хлухив во областа Суми, најмалку седум лица загинале, меѓу кои и едно дете, а 12 се повредени, соопшти регионалната воена администрација.

Спасувачите се уште трагаат по луѓе кои можеби се затрупани под урнатините. Регионот Суми се граничи со Русија. Жителите на ранливите погранични заедници трпат секојдневни руски напади, што доведе до масовна евакуација.

Во неделата вечерта беше нападнат и градот Суми. Руска ракета потоа погоди станбена зграда. 12 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени.

Европа

Мецола: 1.000 дена брутална руска инвазија, 1.000 дена терор, страдање и незамисливи загуби, ќе продолжиме да стоиме покрај Украина

Објавено пред

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговото обраќање во Европскиот парламент. Беше прикажано кратко видео за 1.000 дена војна. Мецола рече дека Зеленски и украинскиот народ биле инспирација за тие 1.000 дена од руската инвазија.

dobivaj vesti na viber

„Денес, одбележуваме 1.000 дена откога Русија ја почна својата брутална инвазија на Украина. 1.000 дена терор, страдање и незамисливи загуби. 1.000 дена храброст, издржливост и нескротлив дух. Во текот на тие 1.000 дена народот на Украина и вие, претседателе Зеленски, му покажавте на светот како изгледа вистинската храброст.

Вие сте инспирација за сите што ја ценат слободата во светот. И 1.000 дена овој Европски парламент стоеше рамо до рамо со народот на Украина, обединет и непоколеблив. Ќе продолжиме да стоиме покрај Украина денес, утре и секој ден, колку што е потребно.

Ова е напад не само врз Украина туку и врз поредокот заснован на правила, напад врз нашите вредности и нашиот начин на живеење, мирот, демократијата и слободата. Тоа е она што е загрозено овде и ние ги знаеме жртвите што ги прави украинскиот народ не само за себе туку и за сите нас“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Портпаролот на Кремљ: Употребата на ненуклеарни ракети може да доведе до нуклеарен одговор

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков предупреди дека употребата на западни ненуклеарни ракети од страна на украинските вооружени сили против Руската Федерација според новата нуклеарна доктрина може да доведе до нуклеарен одговор.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на редовниот дневен брифинг со новинарите, Песков изјави дека новата нуклеарна доктрина треба да стане предмет на длабока анализа дома и во странство. Тој нагласи дека Руската Федерација смета дека употребата на нуклеарно оружје е екстремна мерка, но дека доктрината треба да се ажурира за да се усогласи документот со актуелната политичка ситуација.

Песков истакна дека „специјалната операција“ во Украина се спроведува во контекст на војната што Западот ја започна против Руската Федерација и дека руската војска внимателно ги следи извештаите за плановите за употреба на американски ракети со долг дострел во регионот Курск во Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин ја потпиша новата нуклеарна доктрина

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша ажурирана верзија на нуклеарната доктрина на земјата.

dobivaj vesti na viber

Основниот принцип на доктрината е дека употребата на нуклеарно оружје е последната мерка за заштита на суверенитетот на земјата. Наведени се предусловите за употреба на нуклеарно оружје. Поточно, изменетата доктрина го проширува опсегот на земји и воени сојузи кои се предмет на нуклеарно одвраќање, како и списокот на воени закани на кои треба да се спротивстави.

Дополнително, во документот се наведува дека Русија сега како заеднички напад ќе го смета секој напад од ненуклеарна земја, поддржана од нуклеарна сила. Москва, исто така, го задржува правото да размисли за нуклеарен одговор на напад со конвенционално оружје што го загрозува нејзиниот суверенитет.

Претходната верзија на руската нуклеарна доктрина беше одобрена во јуни 2020 година и замени сличен документ што беше во сила десет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. „Среќен сум што можам да го...

Македонија59 минути

Град Скопје: Поради повредената суета на Мицкоски и инаетот кон Арсовска, граѓаните со часови чекаат автобус

Дали најавите на Мицкоски за преговори со компанија за набавка на 100 електрични автобуси и ветувањето за вкупно 250 нови...

Македонија1 час

„Влен“: Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик и отстранување на ознаката 20 отсто

Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик, велат од коалицијата „Влен“, преку соопштение. Од тука се осврнаа на вчерашната...

Македонија1 час

Мицкоски: Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години

Постигнат е историски договор, вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години,...

Македонија2 часа

„Курти е еден од најомилените премиери за нас, кој мисли поинаку ја сменил ДНК на Албанецот со ДНК од интерес“, рече Таравари

„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот...

Македонија3 часа

Голем пожар во село Стримница, изгоре маж

Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после...

Македонија3 часа

„Скандалозно“ – Ахмети и Османи реагираа на изјавата на Курти дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и партискиот потпретседател, Бујар Османи, реагираа на изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти, кој...

Европа5 часа

Макрон: Одлуката на Бајден е добра, Русија е единствената што носи одлуки на ескалација овде

Претседателот Џо Бајден донесе добра одлука дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади во Русија, изјави францускиот...

Европа5 часа

(Видео) Најмалку седум загинати во рускиот напад врз украински град

Експлозии се слушнале доцна синоќа во градот Хлухив во регионот Сума. Украинските медиуми објавија дека руско беспилотно летало удрило во...

Европа6 часа

Шолц се брани, вели дека му се јавил на Путин да му објасни дека тој е одговорен за војната

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја бранеше својата одлука да му се јави на рускиот претседател Владимир Путин во петокот, велејќи...

Свет7 часа

Трамп го номинира водителот на „Фокс њуз“ за министер за транспорт

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека го номинирал поранешниот претставник на Висконсин, Шон Дафи, сега водител на Фокс њуз,...

Европа7 часа

Брејвик бара да биде ослободен

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик денеска ќе се појави пред суд за да побара предвремено ослободување од затвор откако...

Македонија17 часа

„Граѓаните на Скопје мрзнат“: Галетановски повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз

Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галтеновски, упати критики до градската власт поради хаосот во јавниот превоз во Скопје....

Македонија22 часа

(Видео) И Заев и Мицкоски најавија ветерници, а на терен во Кумановско има само мерачи на ветер

Од спектакуларните најави на поранешниот премиер Зоран Заев за ветерен парк „Вирови“, кој требаше да биде историски најголемата германска инвестиција...

Македонија1 ден

Курти го пречека Мицкоски во Приштина – двајцата лидери очекуваат економската соработка да достигне половина милијарда евра

Премиерот на Косово, Аљбин Курти, го пречека македонскиот премиер Христијан Мицкоски денес во Приштина на меѓувладината седница. Пречекот се одвиваше...

Топ1 ден

15-годишник со нож пробол двајца малолетници, едниот во автобус на ЈСП

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за...

Македонија1 ден

Продлжуваат превирањата во ЛДП – некои членови ја споредија Зајкова со Амди Бајрам по изјавата дека партијата се стреми да биде власт

Не стивнуваат поделбите во Либерално-демократската партија (ЛДП). Иницијативниот партиски одбор, кој бара смена на претседателката Моника Зајкова, реагира на нејзината...

Македонија1 ден

Следејќи ја локацијата на телефонски повик, спасувачите пронајдоа исчезнато лице во Маврово

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена...

Македонија1 ден

Товарен воз излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Македонски железници дека помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, товарен воз вчера,...

Европа1 ден

Захарова за нападите врз Русија со моќните американски ракети: Путин кажа сè

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за цели на руска...