Спорт
Јунајтед најде нов напаѓач – Кеш и Зиркзе за Виктор Осимен
Рубен Аморим официјално ја започна својата работа во Манчестер јунајтед и започна да ги крои плановите за зимскиот преоден рок.
Медиумите во Англија тврдат дека во јануари, Аморим сака да донесе напаѓач, бидејќи во клубот не се задоволни од Џошуа Зиркзе.
Изборот на Аморим, не е Виктор Џекереш со кого успешно соработуваше во Спортинг, туку Нигериецот Виктор Осимен.
Манчестер јунајтед, според шпекулациите, биле подоготвени да го дадат Зиркзе и да искешираат 67 милиони евра за Осимен.
Нигериецот е играч на Наполи, кој во финишот на преодниот рок на позајмица се пресели во Галатасарај.
Турскиот клуб изрази желба да го задржи Осимен и по завршувањето на позајмицата, иако тоа е тешко остварливо. Нигериецот истакна дека е задоволен во Истанбул, но сигурно ќе бара поатрактивна дестинација и лига во која ќе сака да ја продолжи кариерата.
Рубен Аморим ќе дебитира на клупата на Манчестер јунајтед на 24 ноември против Ипсвич.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Влаховиќ ќе го пропушти дербито со Милан и дуелот со Астон Вила во ЛШ
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус. Влаховиќ се повреди вчера настапувајќи за својата репрезентација. Во финишот на натпреварот против Данска (0:0) тој побара измена.
Попладнево во медицинскиот центар на Јувентус, Влаховиќ ги обавил прегледите „Газета дело Спорт“ пренесува дека повредата не е сериозна, но не е ниту наивна.
Медицинските тестови исклучија посериозни проблеми, но потврдија дека има проблем со задната ложа. Истиот извор наведува дека состојбата на Влаховиќ ќе се следи секојдневно.
24-годишниот напаѓач ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус, вклучувајќи и некои многу важни. Јасно е дека Србинот нема да биде во тимот на дербито од 13. коло од Серија А против Милан на „Сан Сиро“, а ќе го пропушти и натпреварот од Лигата на шампионите со Астон Вила на 27 ноември во Бирмингем.
Спорт
(Видео) Можеби ова е крајот на една величенствена кариера, Надал загуби од Ван де Зандсхулп
Рафаел Надал, веројатно во својот последен меч во кариерата, загуби од Ботик ван де Зандсхулп. На отворењето на завршниот турнир во Дејвис купот, Холанѓанецот за 113.минути игра го победи Надал со 6:4, 6:4.
Големиот Рафа Надал, пушти солзи во моментот кога се интонираше шпанската химна, пред почетокот на двобојот.
Rafael Nadal crying during the national anthem.
Can be the last time.
They hope it’s not. pic.twitter.com/OCkWboW3sm
— José Morgado (@josemorgado) November 19, 2024
На теренот осовојувачот на 22 Гренд слем трофеи, не делуваше лошо во првиот сет, во првите седум гема. Потоа попушти од 3:4, Ван де Зандсхулп дојде со 4:6, предност од 1:0 во сетови.
Кризата на Надал продолжи и во вториот сет, Холанѓанецот направи два брејка, дојде до 1:4 имаше и сервис, но во тие моменти како да се исплаши од победата. Надал успеа да врати еден брејк дојде до 4:5, но немаше шанси во гемот во кој Ван Зандсхулп сервираше за победа.
Холандија во четвртфиналето поведе со 1:0, во вториот меч ќе го одиграат Алкараз и Грикспор.
Спорт
Елмас се повреди против Латвија, ќе паузира шест недели
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас поради повреда нема да игра фудбал до крајот на годината.
Елмас се повреди повреди во средата, во претпоследното коло во Лигата на нации против Латвија во Скопје. Поради повредата беше заменет во првото полувреме.
Лекарските прегледи направени во клубот, потврдиле дека повредата е посериозна, Елмас скинал мускулни влакна поради што ќе отсуствува шест недели.
Ова значи дека на тренереот Марко Росе ќе му биде достапен по Божиќните празници, односно кога Лајпциг ќе ги започне мини подготовките за вториот дел од сезоната. Вообичаено во Бундес лигата има пауза меѓу есенскиот и пролетниот дел од сезоната. Вториот дел од сезоната во Германија ќе започне на 12.јануари.
Прашање е дали Елмас ќе му се стави на располагање на тренееот Росе, од причина што сака да замине бидејќи во Бундес лигата сезоната настапи на само два натпревари и одигра вкушно 44 минути.
Нејсно е и доколку Елмас реши да замине дали ќе оди на позајмица или Лапјциг ќе го продаде.
Наводно сериозен интерес за него покажале турските великани Фенербахче и Галатасарај.