Црна хроника
Приведен албански државјанин, пронајдени монети со археолошка вредност
Вчера во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 32-годишниот В.А. од Република Албанија. При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло.
Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Црна хроника
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од Скопје бил физички нападнат во маркет на подрачјето на општина Центар.
Пензионерот случајот го пријавил во скопската полиција.
МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот и идентификација на напаѓачот.

