Свет
Борел: Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на ЕУ
Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на Европската унија (ЕУ), изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 1.000 денови од руската инвазија на Украина.
Борел ова го изјави по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ одржан во Брисел.
Високиот претставник на ЕУ пред средбата изјави дека Европејците треба да го следат примерот на САД и да дозволат напади на територијата на Русија со ракети со долг дострел, кои ги испраќаат до украинските сили.
„Се надевам дека сите земји-членки ќе ја следат американската одлука. Убеден сум дека Европјаните ќе го следат примерот на САД и ќе им дозволат на Украинците да го користат тоа оружје за да се борат против Русите на руската територија“, рече Борел, кој претседаваше со состанокот, негов последен на крајот од неговата мандат на чело на европската дипломатија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган не ја поддржува украинската употреба на американски ракети во Русија
Турскиот претседател Реџеп Ердоган изрази загриженост поради одлуката на Соединетите Американски Држави да одобрат употреба на американски балистички ракети во Украина, укажувајќи дека тој не поддржува таков потег.
Говорејќи на прес-конференција по самитот на Г20 во Бразил, Ердоган предупреди и на опасностите од нуклеарна војна во контекст на новите закани кои доаѓаат од Русија.
На прашањето за можните последици од одлуката на САД, Ердоган јасно ја изрази својата позиција против каква било употреба на нуклеарно оружје.
„Никогаш не можеме да кажеме дека војна во која се користи нуклеарно оружје може да резултира со нешто позитивно“ рече Ердоган.
Свет
Во следните три години Шпанија ќе го легализира статусот на околу 300.000 мигранти годишно
Шпанија ќе го легализира статусот на околу 300.000 илегални имигранти годишно во следните три години, бидејќи се обидува да ја зголеми својата работна сила поради стареењето на населението, изјави министерката за миграција Елма Саиз за новинарите.
Шпанија, предводена од левичарската малцинска коалициска влада, е главно отворена за мигранти, иако другите европски земји како Италија и Германија се обидуваат да воведат построга контрола на границите.
„Шпанија треба да одлучи дали ќе биде отворена, просперитетна земја или затворена и сиромашна земја, а ние ја избравме првата“, рече Саиз, додавајќи дека на нацијата и се потребни 250.000 до 300.000 странски работници кои плаќаат данок годишно за да се одржи благосостојбата на државата.
Регион
Вучиќ: Го познавам Путин, Србија ќе ги подготвува скривниците за нуклеарен напад
Ако безбедноста на Москва и нејзиниот народ е загрозена, Путин ќе користи нуклеарно оружје, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој кажа дека и Србија ќе се подготвува за нуклеарен напад.
„Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје. Ние како земја не сме подготвени. Имаме скривници кои во моментов може да соберат само 258 илјади луѓе. Мораме да ги обновуваме, и да дојдеме до 1 милион до 1,5 милиони луѓе да можеме да сместиме. Ние нема да бидеме мета, но ќе бидат мета сите околу нас, и затоа мораме да водиме сметка. Им се извинувам на граѓаните што таа работа навреме не ја направивме, но ќе се занимаваме со тоа што е можно побрзо“, рече српскиот претседател вечерва во обраќање кон граѓаните на Србија.
„Познавајќи ги сите актери, мислам дека никој нема да се двоуми да ги искористи сите алатки што ги има. Малкумина го познаваат претседателот Путин како мене, ниту се критикувам, ниту се фалам со тоа, посочи тој и додаде:
„Ако е загрозена безбедноста на Москва и нејзините сили, ако нема излез, однапред ви велам дека нема да се двоуми ниту еден час, да го искористи нуклеарното оружје.