Спорт
(Видео) Албанија испадна во Ц-дивизијата, Турција ќе игра бараж за пласман во А-дивизијата

Заврши фазата по групи во третата сезона во Лигата на нации. Последното коло донесе луда завршница во Б дивизијата.
Албанија која во пресрет на последното коло имаше шанси за пласман во А дивизијата, на крајот испадна во Ц дивизијата.
Албанците загубија од Украина во Тирана со 1:2, а во исто време Чешка ја победи Грузија со 2:1.
Ваквиот расплет ја искачи Чешка на првото место, Украина е втора и ќе игра бараж за пласман во А дивизијата, Грузија ќе игра бараж за опстанок во Б дивизијата, а Албанија испадна во Ц дивизијата.
Слично сценарио имаше и во Групата 4. Црна Гора ја изненади Турција, ја забележа првата победа во Лигата на нации и на тој начин му овозможи на Велс да го освои првото место.
Никола Крстовиќ, напаѓачот на Лече со три гола ја урна Турција во победата 3.1. Во исто време Велс славеше со 4:1 над Исланд и го освои првото место во групата. Турција ќе игра бараж за пласман во А дивизијата, Исланд баража за опстанок во Б дивизијата, а Црна Гора се сели ранг подолу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.