Забава
Хју Грант вели дека своите пет деца ги добил премногу стар
Хју Грант неодамна зборуваше за предизвиците и придобивките да станеш татко подоцна во животот.
Во епизодата на подкастот „SmartLess“, актерот беше запрашан колку деца има.
„Па, мислам пет“, на шега рече Хју Грант, пишува Business Insider.
Тој додаде:
„Но ги добив престар во мојот живот, знаете, почнав кога имав 52 години. Сега имам 64 години, знаете, а најмладата има шест години и ми треба долг престој во санаториум“.
Грант има ќерка (13) и син (11) со неговата поранешна партнерка Тинглан Хонг. Тој има три деца со сопругата Ана Еберштајн, на возраст од 12, осум и шест години.
Грант рече дека во животот му помогнало тоа што како актер добил деца на постара возраст.
„Мислам дека бев исушен средовечен Англичанец зависник од голф, а потоа добив деца, и одеднаш добив срце, и мислам дека имав повеќе слоеви или нешто слично.
Во друга емисија Грант се пошегува дека се крие во тоалетот од своите деца.
„Има многу од што да се плашам бидејќи сум стар, бучно е и неподносливо. И многу се кријам во тоалет. Сега многу спијам таму. Има брава, но сега ја скршија“, додаде тој.
Таткото на пет деца, пак, рече дека е убаво да имаш деца.
„Вечерва си одам дома и, знаеш, да се разбереме, делот каде што ти скокаат во прегратка. Моето шестгодишното девојче, знаете, тоа го нарекува, нејзина прегратка со шимпанзо. Навистина ми се допаѓа тоа“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Насликан мурал со Ѓорѓи Колозов во скопско кафуле близу Соборна
Мурал во чест на еден од најпознатите и најдобрите македонски глумци со кого израснаа многу генерации, Ѓорѓи Колозов, осамна во скопско кафуле.
„ Ако државата не му изгради споменик, народот му гради паметници… (овде се секако исклучок муралот поддржан од Министерство за култура и гестот на Град Скопје под раководство на Шилегов да крсти улица со неговото име – за ова сме многу благодарни)“, сподели неговата ќерка Катерина Колозова.
Забава
Селена Гомез го откри најдобриот совет што го добила од друга жена: Навистина функционира
Селена Гомез ја сподели животната мудрост која ја добила од своите колеги. На настанот на ELLE’s Women in Hollywood, Гомез (32) ги открила најдобрите совети што ги добила од друга жена за време на вечерта посветена на водечките дами од филмската индустрија, пренесува People.
„Знам дека звучи банално, но некој еднаш ми рече: Не сфаќај се премногу сериозно“, рече Селена.
„Тоа ви дава простор за емпатија и сочувство и ви овозможува да влезете во филм или лик со вистинско уживање и благодарност. Го добив тој совет од актерка која неизмерно ја почитувам. Знам дека звучи чудно, но навистина помага кога ќе научите да уживајте во моментот и не размислувајте премногу за се“, додаде таа.
Забава
Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје: „Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците“
Српскиот пејач Владо Георгиев преку социјалната мрежа „Икс“, соопшти дека бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој напиша дека му ги украле дури и подароците за децата.
Пејачот објави дека му бил искршен автомобилот паркиран во гаражата.
„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот на мрежата Икс.