Спорт
(Видео) Бостон ја запре победничката серија на Кливленд, историско остварување на Вестбрук во триумфот над Мемфис

Бостон Селтикс стави крај на победничката серија на Кливленд Кавалирс. Актуелните шампиони го победија лидерот во НБА лигата со 120:117.
Дербиот во „ТД Гарден“ го реши неверојатнот шут за три поени на Селтикс, погодија 22 тројки од 41 обид, од нив 14 постигнаа во првото полувреме.Бостон во еден момент ја достигна највосоката предност 71:50, Кливленд се вратија во мечот во третата четвртина, а на почетокот на последниот период разликата беше само два поени.
Бостон успеа да го одбие налетот на Кливленд и на крајот ја забележа 12. победа во сезоната. Кливленд пак прв пат потклекна со што стави крај на најуспешниот старт во историјата на франшизата.
Шестмина кај Бостон постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Џејсон Тејтум со 33 поени, 12 скока и седум асистенции. Кливленд го предводеше Донован Мичел со 35 поени.
Денвер Нагетс во третиот меч без Никола Јокиќ ја забележаа првата победа. Нагаетс славеа во Мемфис со 122.110.
Расел Вестбрук велзе во историјата на лигата, го забележа 200. трипл-дабл во кариерата. Рас натпреварот го заврши со 12 поени, 14 асистенции и 10 скока. Најефикасни кај Нагетс беа Џамал Мареј со 27 и Мајкл Портер јуниор со 24 поени. Шпанецот Санти Алдама го предводеше Мемфис со 28 поени и 11 скокови.
Далас ги декласира Њу Орлеанс со 132:91. Лука Дончиќ се врати во тимот откако претходниот натпревар го пропушти поради повреда. Словенецот забележа 26 поени и по пет скока и асистенции, Клеј Томпсон додаде 19, Кајри Ирвинг 18 поени, со седум асистенции, додека Наџи Маршал постигна 15 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Донарума: Најдобро што може да му се случи на еден фудбалер е да го тренира Гвардиола

Џанлуиџи Донарума се пресели од ПСЖ во Манчестер сити во финишот на преодниот рок. Дебито треба да г има против Манчестер јунајтед, дербито е в недела.
Италијанскиот голман не можеше да најде заеднички јазик со Парижаните во врска со продолжувањето на договорот и се пресели во Премиер лигата. Донарума би можел да биде на голот на Сити во недела во 17:30 часот против Манчестер јунајтед, а по потпишувањето рече:
„Да бидеш трениран од некој како Пеп Гвардиола е најдоброто нешто што може да му се случи на еден фудбалер. Тој сакаше да дојдам. Горд сум на тоа“, рече Донарума.
Донарума ја започна својата кариера на многу млада возраст, на 16 години стоеше на голот на Милан, пред да се пресели во ПСЖ во 2021 година. Таму остана четири години и ова лето потпиша за Манчестер сити во трансфер вреден 30 милиони евра.
Спорт
И Мото ГП сега има Куќа на славните

Мото ГП шампионатот и досега имаше посебно место за своите легенди, а од четврток има и официјална Куќа на славните, која беше откриена во пресрет на Големата награда на Сан Марино во Римини оваа недела.
На посебен настан во Римини, се собраа најголемите ѕвезди на мотоциклизмот кои повеќе не се активни, а кои меѓусебно имаат 23 титули и повеќе од 300 победи. Легендите кои повеќе не се со нас: Умберто Масети, Џеф Дјук, Џон Сартис, Мајк Хејлвуд, Фил Рид и Бери Шин, први беа примени во Куќата на славните.
Присутните ги предводеше најтрофејниот возач во историјата – Џакомо Агостини, кој во текот на својата кариера освои неверојатни 15 титули и забележа рекордни 122 победи.
По него следеа Кени Робертс, Фреди Спенсер, Еди Лосон, Вејн Рејни, Мик Дуан, Кејси Стонер, Дани Педроса и човекот кој е најзаслужен за најголемата популарност на Мото ГП шампионатот, Валентино Роси.
Сите тие добија медали во чест на влегувањето во Куќата на славните, но и плакети што одат во Кулата на шампионите, која му се доделува на шампионот од кралската класа.
Кулата на шампионите, патем, претрпе измени во однос на оригиналната верзија, во согласност со новиот идентитет на најспектакуларниот спорт во светот, како што го промовираат оние што го водат.
Секако, првиот сопственик на новиот трофеј ќе биде Марк Маркез, кој не може да ја обезбеди титулата овој викенд, но ќе ја има својата прва шанса за две недели, во Јапонија.
Вниманието сега е насочено кон самата патека, бидејќи акцијата за Големата награда на Сан Марино и Римини започна во Мизано и продолжува до недела.
Foto/ motogp.com
Спорт
ФИФА пресуди – Лапорт се враќа дома

Францускиот Баск, Ајмерик Лапорт се врати во Атлетик Билбао.
Лапорт успеа во намерата да се врати на „Сан Мамес“, каде што помина шест години, пред да замине во Манчестер сити во 2018 година.
Трансферот на искусниот стопер од Ал Наср во Атлетик прво не успеа, бидејќи Саудијците доцнеа со поднесувањето на документите, но по жалбата на 31-годишникот, неговото заминување од Арабија беше овозможено од ФИФА.
Лапорт официјално објави дека се враќа во Баскија и предизвика возбуда кај навивачите на клубот од „Сан Мамес“.
Во кариерата репрезентативецот на Шпанија има одиграно 222 натпревари за Атлетик.