Економија
Ангеловска-Бежоска со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава.
На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Беше истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледаа можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност.
Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж, соопштија од НРБМ.
__________
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
УЈП: Трговците имаат обврска да ги прикажат во фискалните сметки попустите за „црниот петок“
Во пресрет на најавениот Црн петок викенд (Black Friday), Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО) , задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка.
Потрошувачите на добрата, односно корисниците на услуги при купување должни се да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот на доброто, заради контрола.
Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.
Ова може да го направат преку електронската пошта [email protected] или на телефонските броеви: од фиксна линија: 0800 33 000; oд мобилен телефон: 02 3253 200 или да пријават неправилности на 198.
Економија
За десет месеци низ регулаторниот филтер поминале 254 барања од приватни инвеститори за лиценци за нови фотоволтаични централи
Од јануари, заклучно со 31 октомври, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од речиси 272 MW.
Во согласност со податоците на РКЕ, за десет месеци низ регулаторниот филтер поминати се вкупно 254 барања од приватни инвеститори, кои ја имаат комплетирано потребната документација и за кои се издадени лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.
РКЕ, во согласност со Законот за енергетиката, во своја надлежност издава лиценци и носи одлуки за менување, пренесување, продолжување, суспендирање, одземање и престанок на лиценци за вршење одделни дејности од областа на енергетиката, како и за издавање привремени лиценци и лиценци за пробна работа.
РКЕ, водејќи се од начелото на транспарентност, достапност и јавност, има изготвено обрасци за сите приватни инвеститори во кои се наведени потребните документи со цел да се поедностави процесот во доставување комплетни барања за добивање соодветна лиценца.
Инаку, РКЕ во 2023 година има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од речиси 399 MW, а во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 MW.
Економија
Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк
Халкбанк АД Скопје е банка посветена на обезбедување финансиска поддршка за сите граѓани кои сакаат да ги остварат своите цели. Во кредитното портфолио на Банката е широк спектар на кредити за физички лица, станбени кредити наменети за купување недвижен имот, потрошувачки кредити, кредити за возила, онлајн кредит, еко кредити наменети за зголемување на енергетската ефикасност во домот, кредит со депозит и хипотекарен кредит, како и дозволено пречекорување на тековната сметка.
Со широк избор на кредити прилагодени на различни потреби и можности, Халкбанк нуди поволни услови кои се во согласност со финансиските планови на секој клиент без разлика дали се работи за големи проекти или секојдневни потреби.
Па така, кај потрошувачките кредити, кои по правило се најбарани бидејќи средствата можат да се искористат на најразлични намени – тековни потреби, реновирање, образование, патување и други лични потреби, постојат повеќе понуди со различни услови, па секој може да одбере производ што најмногу му одговара. Потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата е со рок до 95 месеци, и максимален износ до 1.500.000 мкд. Кредитот е без трошоци за провизија за обработка на кредитот и провизија за предвремена ликвидација.
Тука е и Онлајн кредитот со кој може да се обезбедат средства до 600.000 денари, при што со само неколку клика, во рок од неколку минути, на Вашата сметка ги добивате потребните финансиски средства. За да аплицирате за ONLINE кредит треба да сте корисник на електронско банкарство во Халкбанк АД Скопје и да сте примател на плата или пензија во банката. Каматната стапка е фиксна од 8,5% годишно, а рокот на отплата е до 84 месеци.
Идеални за стекнување свој дом се станбените кредити на Халкбанк. Наменскиот станбен кредит обезбеден со полиса за животно осигурување и полиса од незгода може да се користи за купување стан или куќа, како и рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит. Кредитот е со рок на отплата до 360 месеци, почнувајќи од 3% фиксна каматна стапка за првите 5 години или почнувајќи од 3,4% фиксна каматна стапка за првите 10 години. Провизијата за обработка на кредитот е 0%.
Осигурителните полиси кои се вклучени кај одделни производи овозможуваат заштита на имотот на клиентот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Со Халкбанк АД Скопје секој чекор кон остварување на вашите финансиски цели е полесен. Без разлика дали сонувате за нов дом, автомобил или ви се потребни средства за остварување други планови, кредитите на Халкбанк се вистинскиот избор.
(ПР)