Свет
Макрон: Кина има клучна улога во избегнувањето нуклеарен конфликт
Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Рио де Жанеиро изјави дека Кина има клучна улога во избегнувањето на нуклеарен конфликт.
Макрон рече дека за време на состанокот со Шји на маргините на самитот на Групата 20 (Г20), побарал од него да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната со Украина.
Францускиот претседател рече дека Кина треба да се заложи за деескалација откако Русија донесе одлука да го резервира правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа користејќи конвенционално оружје, како и за наводно испраќање севернокорејски трупи да се борат на страната на Русија, објави тој Ројтерс.
Макрон претходно изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден донела добра одлука дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје со долг дострел за напади во Русија.
Тој рече дека одлуката на администрацијата на Бајден е донесена поради распоредувањето на севернокорејски војници во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Пакистан 12 војници загинаа во самоубиствен напад
Бомбаш самоубиец уби 12 војници и рани неколку други откако активираше возило полно со експлозив на безбедносен контролен пункт во северозападен Пакистан, соопштија денеска официјални лица.
Нападот, еден од најсмртоносните во последните месеци, се случи во вторникот вечерта во Бан, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва.
Во соопштението на армијата се наведува дека во престрелка на лице место биле убиени шестмина „Хавариџ“, односно пакистански талибанци.
„Обидот да се влезе во контролниот пункт беше ефикасно спречен од нашите војници, кои принудија еден Хариџит да удри со возило натоварено со експлозив во безбедносниот пункт“, се вели во соопштението.
Свет
Блумберг: Украина лансираше британски ракети „Сторм Шадоу“ кон Русија
Украина првпат истрела британски ракети „Сторм Шадоу“ на руска територија, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори.
Според извештајот, проектилите биле истрелани како дел од украинската офанзива, а претставници на британската влада не коментирале за конкретни операции или извештаи.
Велика Британија претходно и дозволи на Украина да ги користи споменатите ракети на нејзина територија, додека украинските власти во последните месеци побараа од САД да овозможат употреба на тие ракети за напади врз цели во Русија.
Свет
Орбан го свика унгарскиот совет за одбрана поради ескалацијата на војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Советот за одбрана поради последните случувања во војната во Украина и зголемената закана од ескалација на конфликтот, објави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.
Орбан, заедно со шефовите и државните секретари на релевантните министерства, советникот за национална безбедност на премиерот и командантот на унгарската армија, ќе ја разгледаат ситуацијата по одлуката на САД да дозволат напади на руска територија со оружје доставено во Украина, јави МТИ.
Ќе се разговара и за одлуката на Москва да ја прошири листата на закани на кои Русија би можела да одговори со употреба на нуклеарно оружје, рече тој.