Спорт
Ди Марија: Мурињо секогаш 100 отсто стои зад своите играчи
Анхел Ди Марија, полека се ближи кон крајот на кариерата. Легендата на Аргентина, во опширно интервју проговори за трите години во Реал Мадрид. Посебно ја истакна работата со Жозе Мурињо.
„Играв како левото крило од детството и тоа беше така се додека не дојдов во Реал Мадрид, потоа се преселив на спротивната страна и морав да најдам ново место за себе. Мурињо не мораше ништо да каже, игравме во систем 4-3-3 и тешко беше да се избориш за позицијата лево крило покрај Гонзало Игуаин. Затоа бев принуден да ја сменам страната, на крајот ми се допадна и до денес останав на десната страна“, рече Ди Марија и потоа откри каков однос имал со Мурињо.
„Мурињо е неверојатна личност. Тој 100 отсто стои зад своите играчи, до крај. Ако му враќаш на ист начин, тој и живот ќе го даде за тебе. Да… имавме три извонредни години во Реал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лаутаро Мартинез го стигна Марадона
Лаутаро Мартинез постигна спектакуларен гол за победа на Аргентина над Перу со 1:0 во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.
Тоа беше 32. гол за репрезентацијата за капитенот на Интер, со кој на вечната листа се израмни со легендарниот Диего Марадона. Тој ја дели петатат позиција на листата на најдобри стрелци во историјата на аргентинската репрезентација.
Листата ја предводи Лионел Меси, кој му асистираше на Мартинез за голот против Перу.
Втор е Габриел Батистута со 54 гола, трет Серхио Кун Агуеро со 42, а н четвртото место е Ернан Креспо со 35 гола.
LAUTARO MARTÍNEZ, QUÉ ESCÁNDALO. 🤯🇦🇷pic.twitter.com/29UU3VGMsk
— Sudanalytics (@sudanalytics_) November 20, 2024
Спорт
Чави ја предводи листата кандидати за нов тренер на Интер
Аргентинскиот тренер Херардо Тата Мартино (61) поднесе оставка на функцијата во Интер Мајами и како причина за заминувањето ги наведе личните причини. Мартино освои најмногу бодови со тимот во кој играат Лионел Меси, Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс во регуларниот дел од сезоната, но сензационално по три натпревари испадна во првото коло од плеј-офот од Атланта јунајтед.
Откако во тимот донесе неколку поранешни ѕвезди на Барселона, МЛС клубот од Мајами ќе се обиде да доведе уште еден поранешен ас на каталонскиот тим и да го стави на тренерската позиција, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за Чави, кој како играч освои 25 титули со Барселона, а како тренер ги предводеше до титулата шпански шампион во сезоната 2022/2023. Моментално е без работа откако во мај годинава доби отказ од Барса.
Тогаш најави дека ќе паузира од фудбалот една година. Шпанските медиуми не се уверени дека Чави ќе биде новиот тренер на Интер Мајани, бидејќи претходно ги одби понудите од Манчестер јунајтед и Рома.
Освен Чави, меѓу кандидатите за преземање на МЛС тимот од Мајами се актуелниот селектор на Албанија, Силвињо, Хавиер Маскерано, Јоаким Лев, Френк Лампард, Јирген Клинсман…
Спорт
Миленковски: Од Владата јасно ни кажаа Миленко во Вардар или клубот нема да постои
Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, пред десет дена официјално го доби новото раководство. Промените во Вардар беа најавени во текот на летото. Мнозински акционер во клубот е Атила Бижен Жалили, 15 отсто од кациите има здружението ,,35 години Вардарци Скопје” кое што раководеше со клубот во минатата сезона,
Претставникот на здружението „35 години Вардарци Скопје“, Милорад Миленковски на прес-конференција за јавноста откри кои ќе бидат седните чекори. Откривиајќи ги и имињата на луѓето кои се во Одборот на директорот, Миленковски кажа дека му е „жал што новиот извршен директор на клубот Миленко Неделковски и другите членови на управата не се присутени на прес конференцијата“.
„Сакавме да одржиме заедничка прес конференција, но никој не дојде. Мислам дека Миленко Неделковски немаше храброст да дојде. Затоа и се прашуваме дали тој е вистинскиот човек за Вардар? Каква порака остава човек кој само објавува статуси на социјалните мрежи. Ќе беше добро да се појави и сопственикот Жилали, него се уште не сме го сретнале, досега сме имале контакти со негов претставник“, рече Миленковски и потоа откри дека и покрај противењето, здруѓениет морало да се согласи Милено Неделковски да биде назначен за извршен директор.
„Имавме средба во Владата на почетокот на летото кога ни кажаа дека имаат решение за Вардар. Тогаш инсистираа да ги предадеме акциите и на чело на клубот да дојде Миленко Неделковски. Првично не го прифативме тоа, но потоа бевме приморани да се спгласиме. Кога разговаравме во Владата ни беше кажано: „или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои“. Моравме да попуштиме и да се согласиме“, рече Миленковски.