Македонија
(Видео) Повреден мотоциклист на „Есенинова“, се истркала на паркинг по судир со автомобил на коловозот
Возач на мотоцикл заврши со повреди по судар со автомобил на улицата Есенинова во скопска Кисела Вода. По сударот мотоциклистот се стркала на паркингот покрај улицата.
„Се пожали дека му е повредена ногата. Неколкумина минувачи се симнаа на паркингот каде што се истркала да му помогнат“, велат очевидци за „Макфакс“.
Очевидците на несреќата повикаа Итна медицинска помош, а увид прави и полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Заглавен сообраќајот во Скопје, автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар
Скопје е парализирано попладнево.
Автобусите не сообраќаат, а граѓани се жалат дека не успеваат да најдат ниту слободно такси поради сообраќајниот хаос.
Гужвите го достигнаа врвот околу 16.30 часот кога голем број граѓани се враќаат дома од работните места, а Брзата помош eдвај успеа да се пробие на Бит Пазар.
Граѓаните на Скопје со денови мрзнеа на автобуските постојки чекајќи автобус и со часови, а поради недостатокот на гориво, во моментов сообраќаат само неколку автобуси кои се на гас.
Град Скопје претходно денес ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека креира криза во ЈСП, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието била поништена редовната јавна набавка за гориво, како смислено сценарио.
Македонија
Петрушевски до опозицијата: Нула одговорност, нула резултати – тоа е вашето наследство
На денешна Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025, реплика даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Петрушевски изрази доза скептицизам кон амандманите, укажувајќи дека кога ваков предлог доаѓа од поранешен носител на функцијата вицепремиер за економски прашања.
,,Ако овој амандман беше предложен од лице кое не било вицепремиер за економски прашања, тогаш неговите намери и аргументи ќе беа искрени и реални. Колку домашни компании досега имаа можност да воведат нови технолошки решенија и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот?“, кажа Петрушевски.
Петрушевски додаде, дека ова е клучен фактор за одржлив економски раст, а уште повеќе се истакнува бидејќи таквата практика не е новитет, туку функционира веќе со децении во Македонија.
„И мене ме интересира, заради кредибилитетот на поднесувачите на овој амандман, да добијам одговор: Кои беа ефектите од средствата кои досега како држава ги инвестираме, а кои се буџетски средства на граѓаните на Република Македонија? Обврзани сме за нивно рационално трошење,“ изјави Петрушевски.
Петрушевски се осврна и на контролата на средствата кои се насочуваат кон Фондот за иновации и технолошки развој.
„Неизбежно е да се постави прашањето како поранешниот вицепремиер за економски прашања дозволил да нема соодветен начин на контрола врз трошењето на тие средства, за да дојдеме до ситуација, според ревизорски извештај, преку 60, не шест, туку преку 60 проекти или 3,2 милиони евра буџетски средства да завршат на фиктивни и непостоечки проекти“, истакна Петрушевски.
Петрушевски потсети дека задачата на вицепремиерот за економски прашања не е само да организира прес-конференции и да се фали колку средства се обезбедени, туку да обезбеди контролирање на нивното трошење и следење на ефектите од тие инвестиции.
„Колку домашни компании имале можност да воведат нови технолошки решенија? Затоа што е клучен фактор за економскиот раст. А сите знаеме колкав беше економскиот раст во изминатиот период“, заклучи Петрушевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите, велат од СДСМ
На денешната амандманска расправа ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот кој го предложи СДСМ, за помош и финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили и нивните семејства, објави опозициската партија.
„Овој амандман е предложен за да се обезбедат финансиски средства и СДСМ бара да се направи комисиски амандман за овие пари да се најдат во буџетот, со што ќе ги предвидиме средствата за имплементација на овој закон во буџетот за следната година, прифаќајќи ги и вашите забелешки“, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
За жал заменик министерот за финансии и пратеникот на ДПМНЕ, рекоа дека не го прифаќаат комисискиот амандман предложен од СДСМ за финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили со што уште еднаш го покажаа лицемерието, додава опозициската партија.