Црна хроника
Дете со нож ранило врсник во Кочани, во станица заврши и родителот на напаѓачот
Вчера во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Кочани.
Според пријавеното, тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана, објави МВР.
Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Еден осомничен за поседување амфетамин во Инџиково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се свижел кон домот и се обидел да им избега на полицијата, биле пронајдени речиси 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.
Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Топ
Трагедија во Гевгелија: младо момче падна од зграда и загина
Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало.
Несреќата се случила додека младиот работник изведувал градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија.
По падот тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Гевгелија. Поради сериозноста на повредите, подоцна бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.
Црна хроника
Тинејџер нападнат од врсници во дворот на средно училиште во Центар
Малолетник синоќа бил нападнат од врсници во дворот на средно училиште на подрачјето на Центар.
„На 02.12.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(46) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници“, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.