Спорт
Еурофарм Пелистер ремизираше со Фредериција
Фото/ EPA Georgi Licovski
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да врзат две победи во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола одиграа 29:29 со Фредериција, екипа која во минатото коло ја победија во Данска. По осум кола Еурофарм Пелистер има четири бода на своето конто.
На дебито на новиот тренер Раул Алонсо во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер одигра лош натпревар. Гостите од Данска во погоелмиот дел од натпреварот беа подобри на теренот. Во првиот дел целосно ја контролираа играат, имаа предност и од четири гола, а наполувреме Фредериција водеше со 13:16.
„Зелено-белите“ започнаа да се будат во вториот дел, а најдобриот период го имаа во последните 15 минути. Митревски фати неколку топки, Пешевски постигна три гола, Пелистер фати приклучок, а во 48.минута го имаа и првото водство 23:22.
До крајот се играше гол за гол, Пелистер имаше два шанси да се одлепи на два гола разлика, во првата ситуација Радивојевиќ не реализираше седмерец, а потоа Хосни во финишот продаде топка.
Радивојевиќ со седум гола го предводеше Пелистер, пет постигна Кузмановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Цунода за граничната полиција на САД: За малку ќе ме вратеа дома
Јапонецот Јуки Цунода зборуваше за непријатностите со американската гранична полиција пред викендот за Големата награда на Лас Вегас.
Граничмите полицајци го издвоиле возачот на РБ тимот на аеродромот додека тој патуваше на ПР настан посветен на тркачкиот викенд и го испрашувале 24-годишниот, сомневајќи се дека тој сака да емигрира во САД.
„За среќа, ме пуштија по неколку реченици… Многу, всушност. За малку ќе ме вратеа дома. Сега се е во ред, но да – среќа е што сум тука“, изјави Јапонецот.
Цунода верува дека срамот можел да се избегне доколку цариниците му дозволиле да разговара со други лица.
„Бев со физиотерапевт. Се разбира, царинската контрола се врши посебно. Одеднаш, службеничката ме повика во собата и ја прашав дали можам да донесам придружник. Можеби тој подобро би објаснил кој сум јас и ситуацијата во Формула 1. Не можеш ништо да направиш во таа соба“, додаде Цунода, потсетувајќи дека вакви проблеми немал кога патувал во Остин на Големата награда на тексас.
„Редовно ги исполнував барањата за виза. Срамно е ова. Изминативе три викенди се помина без проблеми. Чудно ми е што воопшто ме издвоија“, подвлече Цунода.
До крајот на сезоната остануваат уште три викенди, а Цунода е 11. во генералниот пласман на возачи со 28 бодови.
Спорт
Реал на аукција ја продава соблекувалната
Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот, и „Сотби“, кој има еднаков статус меѓу аукциските куќи, ги здружија силите во голем проект.
Од 12 до 26 ноември соблекувалната на Реал Мадрид, која славниот клуб ја користеше од 2001 до 2022 година, ќе се најде на аукција.
Како дел од големото реновирање и проширување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, соблекувалната е отстранета, но Реал 24. Шкафчињата кои ги користеа Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Зинедин Зидан, Фиго, Роберто Карлос, Серхио Рамос, Карим Бензема, Лука Модриќ… нема да бидат фрлени.
„Соблекувалната претставува извонреден период во историјата на Реал Мадрид. Шкавчињата што ги ставивме на аукција раскажуваат приказна за седум победи во Ла Лига, шест во Лигата на шампиони, два Копа дел Реј… За нив наддава во состојбата во која беа во сезоната 2021/22, во која Реал ја освои Ла Лига и Лига на шампиони. Ова е прв пат да ја понудиме целата соблекувална, а тоа сведочи за популарноста и статусот што го ужива Реал Мадрид“, изјави Џорџ Норт, шефот на продажбата на „Сотби“.
Секој шкафче од соблекувалната има почетна цена од 10 илјади фунти или околу 12 илјади евра. Купувачот кој ќе понуди највисока понуда добива сертификат за автентичност и автограм на фудбалерот кој го користел шкафчето.
Покрај шкафчињата се продава и голем грб Реал со дијаметар од три метри, кој се наоѓаше на подот од соблекувалната. Неговата почетна цена е 12 илјади фунти.
Спорт
Колку заработил Надал од учеството на турнирите?
Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал стави точка на кариерата со поразот од Шпанија од Холандија во Дејвис купот.
Шпанскиот тенисер ја започна својата професионална кариера во 2001 година и оттогаш освои дури 92 турнири, од кои 22 Гренд Слем и 36 од Мастерс серијата.
„Кралот на земјаната подолога“, како што го нарекуваа затоа што го освои Ролан Гарос 14 пати, заработи 134,5 милиони американски долари само од учество на турнири.
На тоа треба да се додаде и заработката од спонзорските договори.
Не се знае точно колкава сума добил од тие договори, но се претпоставува дека е поголема од онаа шт ја заработил со учеството на турнирите, бидејќи со години соработувал со најсилните брендови како Најки, со кои сè уште има договор, Ролекс, итн.
Како пензионер Надал ќе се занимава со приватен бизнис, кој го има неколку години, како синџир ресторани, хотел, тениска академија, а ќе биде и заштитно лице на тенисот во Саудиска Арабија.