Спорт
Родри знае кој е најдобриот фудбалер на сите времиња
Шпанецот Родри стана првиот играч од редот за врска по Лука Модриќ во 2018 година кој ја освоил Златната топка.
Ѕвездата на Манчестер сити стигна до својата четврта титула во Премиер лигата оваа сезона, а беше и клучен играч на шпанската репрезентација на патот до титулата европски првак во Германија.
Во интервју за „Ел Хормигуео“, Родри одговори кој за него е најдобриот играч на сите времиња:
„Нема сомнеж. За мене Лео Меси е најдобар на сите времиња. Кога ќе ја прими топката, веднаш знаете дека опасноста е неизбежна. Кога би се соочил со него, би се обидел да му ја одземам топката, но тој би побегнал како да ме нема“.
Меси игра за Интер Мајами од јуни 2023 година. Сезонава на 22 натпревари има 21 гол и 11 асистенции. Во кариерата играше и за Барселона и ПСЖ и освои се што можеше да се освои на клупски и репрезентативен план. Осум пати ја освојуваше Златната топка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кежман: Пријател ми кажа дека сакале да ме киднапираат
Познатиот српски напаѓач и репрезентативец Матеја Кежман за првпат јавно проговори за неговото киднапирање, кое било планирано, но за среќа не било извршено.
Кежман гостуваше во емисијата „(Не)успехот на шампионот“ кај водителот Мирза Џомба и разговараше за периодот од 2003 година.
„Слетав од Кардиф во Амстердам по натпреварот со репрезентацијата. Двајца инспектори ме извадија директно од авионот. Ме фати паника бидејќи не знаев што се случува. Еден пријател ме чекаше во полициска станица. Ми објасни дека случајно дознале за планот за киднапирање и дека го известиле клубот. Дојде и Гус Хидинк, ми кажал дека клубот е со мене и дека сите се во шок“, се присети Кежман и додаде:
„Имав обезбедување седум-осум месеци. Беше морничаво, како да живееш во кафез. Колку што разбрав, сакаа да го уценат ПСВ со киднапирањето“.
Кежман за ПСВ Ајндховен играше од 2000 до 2004 година. Во наведениот период одигра 122 натпревари, постигна 105 голови.
Спорт
Проблем за Далас, се повреди Дончиќ
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објави „ESPN“.
Новата проценка на повредата се очекува да биде за една недела.
Лука оваа сезона играше на 14 од 15-те натпревари на Маверикс, а го пропушти само оној против Оклахома пред четири дена.
Потоа играше против Њу Орлеанс Пеликанс и беше најдобар во победата на Маверикс со разлика од 41 поен.
Дончиќ оваа сезона има нешто помали проценти во однос на учинокот во кариерата. Досега во сезоната 2024/25 бележи 28,1 поен, 7,6 скока и 7,6 асистенции по натпревар.
Спорт
Барселона не размислува за Кварацхелија
Барселона со новиот спонзорски договор што го потпиша со „Најки“ конечно ќе излезе од финансиската криза. Од договорот до 2028 година, Барселона ќе добие 1,7 милијарда евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека благодарение на таа инекција клубот на лето ќе реализира голем трансфер. Барселона е во потрага по крилен напаѓач. На десната страна го има Ламин Јамал, потребен им е играч за левата крилна позиција.
Потребен им е тип на крилен играч со силна десна нога, кој може од крило да влезегува во среднита. Таков е Грузиецот Хвича Кварацхелија, 23-годишниот фудбалер на Наполи.
Во својата прва сезона во Наполи, тој беше најдобар играч на тимот кој го освои скудетото по пауза оо 33 години. Кварацхелија ја доби наградата за најдобар играч во Серија А.
За Наполи во овие две и пол години одигра 102 натпревари, постигна 30 и забележа 28 асистенции.
Неговиот договор истекува во јуни 2027 година. „Газета дело Споерт“ пишува дека менаџерот на Кварацхелија стапиле во контакт со Барселона, но дека Каталонците не се заинтересирани за грузиецот.
„Барселона засега не направи никаков потег, иако е јасно дека играчот сака да потпише договор со нив. Разликите меѓу страните се уште се значајни, а Шпанците се плашат да отворат преговори бидејќи знаат дека Аурелио де Лаурентис е непредвидлив и тврд преговарач. Засега Барселона нема намера да плати 80 милиони евра и покрај тоа што е играч кој би можел да одговара на проектот“, објави „Газета дело Спорт“.
Шпанските медиуми тврдат дека во Барселона, наместо Грузиецот, изборот за ново лево крило е сведено на двајца одлични играчи, Нико Вилијамс (22) од Атлетик Билбао и Рафаел Леао (25) од Милано.
Она што е сигурно е дека за кого и да се решат во Барселона ќе мора да издвојат најмалку 100 милиони евра.