Црна хроника
(Фото) Претрес во Средно Коњари, пронајдено оружје, приведено едно лице
Вчера во 17 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот С.К. од село Средно Коњари, скопско.
При претрес во неговото патничко возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во Тетово, приведени пет лица
На 19 ноември околу 18 часот на улицата Ван Вардарска во Тетово, полициски службеници ги приведоа Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.
Црна хроника
Дал возило како компензација за изработка на мебел: останал и без мебел и без автомобил
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“.
Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето.
Црна хроника
Почина осуденик од Турција: му се слошило па бил пренесен во болница
Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на осуденикот О.Г.(34) од Република Турција му се слошило, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.