Спорт
(Видео) Записничката маса и судиите и ја подарија победата на Шпанија над Словачка
Нестварната грешка на судиите и ја украдоа на Словачка најголемата победа во историјата. Шпанија во квалификациите за ЕП, во Братислава ја победи Словачка по две продолженија со 76:72.
На истекот на првото продолжение Словаците водеа со 67:64 на 0,4 секунди до крајот и ја имаа топката кај себе.
Еден словачки играч лошо го изведе аутот, Јуста ја украде топката, која падна на подот, а тој потоа ја прифати и погоди нереална тројка.
Ваква тројка, тоа му е јасно на секого не може да биде постигната за само 0,4 секунди. Теоретски е невозможно, бидејќи Јуста ја допре топката таа се одби од паркетот, потоа тој ја прифати и упати шут.
На снимката јасно се гледа дека од записничката маса не го поштија сатот за мерење на времето кога Јуста прв пат ја допре топката.
Според правилата на ФИБА, уште колку време преостанува и дали часовникот доцнел можат да бидат прегледани од судиите, што значи дека тие можеле да го поништат спорниот гол.
Нејасно е тогаш зошто тоа не го направи судиската тројка на чело со Хрватот Мартин Вулиќ во која беа и Сесилија Монтгомери-Тот и Петер Пранкш од Унгарија.
„Можев да зборувам многу за тоа што се случи во финишот. Теоретски, невозможно е да се пресече топката, таа да се одбие од подот и дури тогаш Јуста шутне. Сето тоа го за четири десетинки. Ја давам десната рака, тоа не е можно“, изјави селекторот на Словачка, Арамис Наглиќ.
Шпанците со оваа победа избегнаа големи непријатности во групата, бидејќи во третото коло дојдоа до првата победа. Доколку загубеа со скор 0/3 ќе имаа минимални шанси да се пласираат на ЕП.
За потсетување Шпанија на последното ЕП ја освои титулата.
Dicen que el tiempo es relativo.
Pues para Yusta 4 décimas son 𝙡𝙖 𝙚𝙩𝙚𝙧𝙣𝙞𝙙𝙖𝙙
El triple de una remontada jamás vista. 6 puntos en 4 segundos.
España, a lograr lo imposible en la segunda prórroga. #Eurobasket2025 pic.twitter.com/qLvJTv1MBS
— Teledeporte (@teledeporte) November 22, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

