Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи кај последнопласираниот Саутемптон

Ливерпул ја зголеми предноста на челната позиција на табелата во англиската Премиер лигата, откако на „мукскули“ го победи последно пласираниот Саутемптон. Во 12. коло, на „Сент Мери“ Ливерпул победи со 3.2. Со овој триумф, 10. во сезоната, Ливерпул ја зголеми предноста на табелата во односн на Манчестер сити на осум бода, а девет чекори зад „црвените“ се Челси, Арсенал и Брајтон.
Исклучитено интересен натпревар со два пресврти одиграа Саутемптон и Ливерпул. На крајот пресудија аматерските грешки на домашните фудбалери. Голманот Мкарти му подри гол на Салах за 2:2 во 65.минута, а во 83. минута Јапонецот Сугивара го честеше Ливерпул со пенал од кој Салах го постави конечниот резултат.
Претходно Собослај во 30.минута им донесе предност ан „црвените“, а изедначи Амстронг во 42.минута откако промаши пенал. Предноста на Саутмептон му донесе Фернандес во 56.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Топ 5 најдобри атмосфери во Евролигата според Ти Џеј Шортс

Ти Џеј Шортс, американецот со македонски пасош, оваа сезона блеска во Евролигата. Играчот на Париз се наоѓа во најтесниот круг за престиѓната МВП награда, за најдобар играч во сезоната.
Шортс во подкастот „Americanos24“, откри во која арена е најжешка атмосферата.
„Мојот број четири е Жалгирис. Број три, го избрав Фенербахче. Тој натпревар што го игравме беше луд. Публиката беше бесна на судиите. Беше лудо до крајот, а јас дури и испратив порака на Чима по натпреварот за да му кажам дека луѓето ме довикуваа од трибините и ми зборуваа се и сешто. Најчесто не ги слушам тие работи, но тие луѓе од страната на теренот беа навистина присутни и јас ги чувствував цело време. На второто место ја одбирам Звезда. Кога игравме против Партизан, беше ден на жалост, така што не го добивме целосното искуство. Салата не беше целосно полна, не им беше дозволено да пеат цело време. Но, многу јасно се сеќавам на Звезда. Кога излеговме на загревање, публиката веќе беше во елемент.
Според Шортс најдобра атмосфера правата фановите на Панатинаикос. Париз пред една недела му гостуваше на европскиот првак и забележа сензационална победа.
„Панатинаикос. Салата е реновирана, изгледа многу чисто и модерно. Јас не сум најголемиот љубител на ЛЕД паркетот, но штом започна играта, целосно заборавив на тоа. Публиката беше неверојатна, особено на крајот од натпреварот. Беше навистина лудо“, заклучи Ти Џеј Шортс.
Спорт
Сопственикот на Виртус тврди: Дубаи следната сезона ќе игра со Евролигата

Масимо Занети, претседателот на Виртус од Болоња потврди дека клубот заедно со Партизан и Црвена звезда добил специјална покана за учество во Евролигата во наредните три години и дека речиси е сигурно дека Дубаи од наредната сезона ќе игра во најсилното европско натпреварување.
„Што се однесува до Евролигата, добивме тригодишна понуда заедно со Партизан и Звезда. Се уште преговараме бидејќи цената е доста висока, но таква е ситуацијата“, изјави Занети.
Тој нагласи дека и покрај напливот на НБА во европската кошарка, Евролигата останува главно натпреварување за него.
„Многу се зборува за НБА, но Евролигата сепак е големо натпреварување кое има многу следбеници. Со потенцијалниот влез на тим од Дубаи, ќе се отворат многу можности“, додаде Занети.
Да потсетиме, Виртус се врати во Евролигата по сезоната 2022/23 по освојувањето на Еврокупот, но оттогаш не може да се пласира во плеј-офот.
Моментално се претпоследни со само осум победи и 24 порази.
Инаку, на денешната прес конференција, првиот човек на Виртус, објави дека Душко Ивановиќ ќе го води тимот и во наредната сезона.
Спорт
Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Најтрофејниот клуб Вардар оваа сезона има големи амбиции во Купот, сака да ја освои првата титула по 2007 година. На патот кон финалето му стои АП Брера од Струмица.
Втората полуфинална двојка ја формираа Шкендија и Струга ТЛ.
Првите полуфинални средби се закажани за 9 април.