Спорт
Еве за што Нејмар добивал бонус од 200.000 евра од ПСЖ

ПСЖ го донесе Нејмар од Барселона во летото 2017 година во трансфер вреден 222 милиони евра, што и денес е светски рекорд. Откако заработи повеќе од 70 милиони евра од клубот во првите три години само преку плати, во следните три заработи повеќе од 90 милиони. Преку бонусите заработил уште повеќе, а сега е откриен и еден бизарен бонус.
Фудбалерот на Кристал Палас, Луис Брајон тврди дека се дружел со клупскиот персонал на ПСЖ во тренерската школа и дека тогаш слушнал за неверојатната клаузула што бразилскиот напаѓач ја имал во договорот со клубот.
„Најлудата клаузула за која сум слушнал е клаузулата на Нејмар во ПСЖ. Еден член од персоналот на ПСЖ кој беше во клубот во времето на Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, не сакам да го откријам неговото име, ми кажа дека Нејмар има клаузула во договор според која секогаш кога ќе им аплаудира на навивачите по натпреварот, ќе добие бонус од 200.000 евра“, изјави Брајон.
Пред заминувањето во Ал Хилал, Нејмар одигра 173 натпревари за ПСЖ. На нив постигна 118 гола и забележа 77 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.
Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари.
Оваа бројка го вклучува основниот договор плус бонуси и други додатоци за време на траењето на договорот. Меси е лидер во двете категории, далеку пред другите ѕвезди на лигата.
Вториот најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари. Италијанецот е единствениот покрај Меси кој заработува повеќе од 10 милиони по сезона.
Меѓу првите 10 се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емил Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Џонатан Бамба (Чокаго) – 5,6.
Освен доминацијата на теренот, Меси е и маркетиншка машина. Интер Мајами забележа огромен пораст на вредноста, гледаноста и продажбата на дресови откако тој пристигна во Мајами.
Спорт
Холандски репрезентативец го засили Наполи

Ноа Ланг е првото засилување за Наполи во актуелниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец, кој ги помина последните две сезони во ПСВ, потпиша петгодишен договор.
Клубот од Ајндховен ќе добие 25 милиони евра плус бонуси кои би можеле да достигнат пет милиони евра.
Ланг, е продукт на младинската академија на Ајакс, минатата сезона одигра 44 натпревари, постигнува 14 гола и забележа 12 асистенции.
Спорт
УЕФА ќе го исфрли Лион од Лига Европа

Олимпик Лион се соочува со најтешките моменти во клупсјата историја. Француската фудбалска федерација, во вторникот, го исфрли клубот од Лига 1, а како што стојат работите УЕФА нема да му дозволи да се натпреварува во Лига Европа.
Лион е исфрлен во втората лига поради огромниот долг, се спеменува сума од 422 милиони евра.
Клубот во јануари доби опомена да го намали долгот, а откако не го направи тоа во дадениот рок, ФФФ реагираше со жестока казна.
Истото ќе го направи и УЕФА. Минатата сезона, Олимпик Лион заврши на петтото место, со што избори директен пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Доколку УЕФА го елиминира Лион, два клуба ќе профитираат од таквата одлука.
Стразбур, наместо во плеј-офот за место во Конференциската лига, би играл Лига Европа, додека Ленс, кој беше рангиран на седмото место во Лигата 1, би скокнал во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Се уште се очекува потврда од УЕФА, но како што стојат работите сега, малку е веројатно дека нешто ќе се промени. Лион најави жалба до Лигата 1, според информациите од Франција, таа ќе биде само формална.