Спорт
Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност
Шифени Никодемус, намибиски новинар кој беше еден од оние кои имаа прави на глас во изборот за Златната топка, во разговор со колегата од „Кадена СЕР“ му одоговори на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој на Генералното собрание на клубот објасни зошто Винисисус Жуниор не ја добил престижната награда.
„Има земји каде новинарите со помалку од милион жители сега имаат право на глас. Постојат новинари кои никој не ги познава, а годинаа имаа право на глас. Без гласовите на новинари од земји како Уганда, Намибија, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка… Системот мора да се промени и мора да има повеќе познати луѓе кои го ќе гласаат“.
Перез, нагласи дека „сите треба да разберат дека новинарите ја ризикуваат својата репутација со своите гласови“.
„Не знаеме кој гласал, за одредени држави немаме никави познавања. Од сите овие причини не присуствувавме на церемонијата“, рече во својот говор Перез.
Шефени Никодемус, му одговорил на Перез: „Верувам дека тоа се зборови на некој што е фрустриран како што е г. Перез. Тој мисли дека гласот на луѓето од мојата земја и другите земји не е важен бидејќи ние се инфериорни. Само сакам да кажам дека знам дека сум од една од најголемите фудбалски нации и дека не се согласувам со неговото мислење. Каков аргумет сега ќе најде Перез?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона објави кога се враќа на „Ноу Камп“
Барселона, официјално потврди дека долгоочекуваното враќање на „Камп Ноу“ ќе се случи во недела, 10 август 2025 година, за време на традиционалниот Трофеј Џоан Гампер. Иако противникот сè уште не е официјално потврден, италијанскиот Комо моментално е главен фаворит.
Тоа ќе биде прво појавување на машкиот тим на „Камп Ноу“ по повеќе од две години реновирање, а се очекува стадионот да има намален капацитет од околу 25.000 гледачи во таа фаза, иако ова сè уште не е официјално објавено.
Клубот најавува и посебна програма на активности што ќе се одржат по повод големото отворање, а деталите ќе бидат објавени во наредните недели.
Барселона беше привремено преместена на олимпискиот стадион „Монжуик“. Од клубот објавија дека „емоцијата на фудбалот се враќа во храмот со сино-гранат, во срцето на Лес Кортс“.
Сепак, јасно беше наведено дека работите нема да бидат целосно завршени.
Останува да се заврши изградбата на третата трибина, двојниот ВИП прстен, покривот (чија инсталација е планирана од летото 2026 година) и последните внатрешни и надворешни прилагодувања на стадионскиот комплекс.
Клубот ветува максимални напори да им обезбеди на сите навивачи и членови најпријатно можно искуство, со прилагодување на пристапот и услугите на стадионот.
Ова соопштение дојде еден ден откако Барселона ја почна кампањата „Се враќаме дома, повторно вибрираме“, серија акции исполнети со емоции, симболика и идентитет.
Промотивни пикап возила во боите на Барса се движеа низ центарот на градот со инсталирани звучници и ги емитуваа амбиенталните звуци на стадионот.
Денот кулминираше со проекции на клупските легенди: Меси, Кројф, Роналдињо, Деко и Стоичков на фасадите на знаменитостите на Барселона. Со овој проект, Барса сака дополнително да го поврзе клубот со својот град и соседство. „Espai Barça“ не е само спортски проект, туку и како урбан, социјален и културен придонес кон Барселона, Ле Кортс и Каталонија.
Tornem a casa, vibrem pic.twitter.com/ZMo6PAh1BQ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 25, 2025
Спорт
Модриќ го потврди трансферот во Милан

Она што се шпекулираше пд завршувањето на сезоната 2024/2025, сега доби потврда, Лука Модриќ стана нов играч на Милан.
Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид одлучи усно да потврди дека ќе се пресели на северот од Италија.
Модриќ ќе му се приклучи на новиот клуб по Светското клупско првенство.
Трансферот го потврди Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски новинар специјализиран за трансфери.
Деталите од договорот сè уште не се познати.
Спорт
Донарума е воодушевен од Гатузо
Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, не го криеше своето задоволство од назначувањето на Џанаро Гатузо за селектор на Италија.
Донарума имаше можност да работи со Гатузо кога беше во Милан од 2017 до 2019 година.
„Воодушевен сум. Веќе разговарав со Гатузо неколку пати. Тој е навистина мотивиран, исто како и ние. Се надевам дека можеме да постигнеме големи работи заедно. Многу сум среќен што тој е новиот селектор“, рече Донарума.
Италија не се квалификуваше на претходните две Светски првенства во Русија 2018, како и четири години подоцна, кога Светското првенство се одржа во Катар.