Црна хроника
Млад прилепчанец влегол преку прозорец во куќа во Охрид за да краде, сопственичката била дома

Приведен е 25-годишен прилепчанец кој упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато.
„Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
19-годишна девојка загина во тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

19-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово.
„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 часот лекар констатирал смрт“, информира МВР.
Со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Лишен од слобода возач во Кавадарци, управувал возило со 2,13 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, ноќеска во 01:35 часот на улица „Кочо Рацин“ во Кавадарци, го лишиле од слобода Т.П.(58) од Скопје.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, при сообраќајна контола и преземени мерки констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
„Т.П. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
Црна хроника
Приведен возач од Кочани, возел со 2,25 промили алкохол во крвта

Полицијата приведе жител на Кочани кој возел под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, утрово во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.