Забава
Пријанка Чопра објави фотографија од детството, ја нападнаа дека е трансродова
Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од младоста поради која стана цел на негативни коментари.
View this post on Instagram
„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е да се мисли што може да ѝ направат пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев помлада со момчешка фризура што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Претходно имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, напиша Пријанка покрај фотографиите.
„На десната страна сум јас на 17 години по освојувањето на титулата мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена. Токму така се чувствував тогаш влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.
View this post on Instagram
На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 92 милиона луѓе, а некои ѝ напишале грди коментари поради фотографија од нејзиното детство.
„Убаво го напишавте сето тоа, но заборавивте да ја спомнете пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари му се на твојот пластичен хирург“, „Зад овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Се родила како машко“, беа коментарите на некои луѓе.
Секако, имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана и ѝ пишуваа комплименти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон нема да присуствува на кралскиот настан, обожавателите на принцезата загрижени
Кенсингтонската палата објави разочарувачка вест во врска со принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
Oва се случува набргу откако Бакингемската палата излезе со соопштение за претстојниот јавен настап на принцот и принцезата од Велс, кои ќе го пречекаат катарскиот шеик Џавахер на неговата официјална посета на ОК во вторник наутро.
Сепак, и покрај важноста на настанот, принцезата нема да присуствува, што предизвика многу шпекулации.
Кралскиот експерт Камерон Вокер на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека Кенсингтонската палата не го планирала присуството на принцезата. Тоа го потврди и Кејт Менси, која е кралски експерт.
„Принцезата од Велс сепак нема да присуствува на државниот банкет во Бакингемската палата“.
За многумина, отсуството на принцезата Кејт на овој важен настан беше крајно изненадувачки, особено по нејзиното враќање во јавниот живот по закрепнувањето од сериозно лекување.
Сепак, принцезата повторно отсуствува на важниот настан, што предизвикува многу шпекулации и загриженост за можните причини за ваквата одлука. Фановите шпекулираат дека ова отсуство може да биде поврзано со нејзините лични причини или здравствени проблеми.
Забава
Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабарето „Еуфорија“ на 14 јануари – првиот распродаден
Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабарето „Еуфорија“, најавена е втората изведба!
Втората претстава е закажана на 14 јануари 2025 година нудејќи нова можност за сите што не успеаја да го обезбедат своето место за ова долгоочекувано сценско доживување.
Само неколку дена по објавувањето на овој настан, билетите за претставата на 30 декември беа распродадени. Тоа ја потврдува желбата на публиката за нови, иновативни сценски проекти, кои ги редефинираат границите на уметноста. „Еуфорија“ успеа да предизвика возбуда уште пред првата завеса да се крене покажувајќи дека културата и автентичниот уметнички израз се во фокусот на интересот на домашната публика.
Несекојдневен спектакл што ги комбинира танцот, музиката и театарот во едно неверојатно уметничко дело. Со грандиозна продукција, смели кореографии и извонредни изведби ова кабаре го носи духот на модерната сценска уметност директно на македонската сцена.
Да потсетиме, овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација креативци, кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со над 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна што ги спојува стилот, танцот и музиката во три сегменти. Првиот дел – класичното кабаре, кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре, кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови претворајќи ја сцената во еуфорична забава.
Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст, кое ги обединува сите генерации, затоа подгответе се за вечер што ќе ве остави без здив!!
Забава
Тарантино појасни кои филмови одбива да ги гледа
Квентин Тарантино е познат по својата критика на филмската индустрија и често ја нагласува важноста на оригиналноста во приказните. Во разговор со Брет Истон Елис, Тарантино откри дека не го интересираат филмските преработки.
Тој рече дека неколкупати ја гледал оригиналната адаптација на „Дина“ на Дејвид Линч и не сака да ја гледа повторно. Оригиналната верзија на „Дина“ од 1984 година се смета за еден од најслабите филмови на Линч, а најновата верзија е пофалена. За Тарантино, општ проблем е концептот на преработките.
„Еден римејк по друг, само бескрајно повторување. Луѓето ме прашуваат: Дали сте го гледале ‘Дина’? А јас велам, не, не“, рече Тарантино.
Режисерот зборуваше и за новата верзија на „Талентираниот г. Рипли“ на „Нетфликс“ со Ендрју Скот. Тој нагласи дека не гледа поента во постојано повторување на истата приказна.
„Има шест или седум книги за Рипли. Ако веќе правите нова верзија, зошто ја правите истата приказна што е снимена двапати? Ја гледав приказната двапати, но не ми се допадна во ниедна верзија. Сега навистина не ме интересира да ја гледам третпат“, објасни Тарантино.
Одбивањето на Тарантино да гледа преработки се заснова на неговото верување во моќта на оригиналните приказни, кои досега не биле видени. Како што тврди, оригиналноста е она што ги дефинира добрите филмови, а ако приказната не е нова, тогаш верува дека, едноставно, не е за него.
На почетокот на овој месец тој го пофали филмот што многумина го нарекуваат неуспех на годината – „Џокер“.
Тој особено ги пофали актерските способности на Хоакин Феникс. Изјави дека ова е една од најдобрите актерски изведби што ги видел. Иако на многумина им пречи тоа што Joker: Folie a Deux личи на мјузикл, Тарантино смета дека е генијален.