Контакт

Македонија

(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата Ленинова во Скопје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

dobivaj vesti na viber

– СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општина Центар. Со ова ќе се растовари сообраќајниот метеж во општина Центар, а целиот простор дополнително ќе се уреди, додаде Лукаревска.

Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.

Македонија

Ѓорѓиевски по справувањето со надојдените води: Наместо да излезат на терен, некои чекаат да се случи нешто лошо, за да ја напишат својата следна критика

Објавено пред

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со објава на социјалните мрежи по синоќешните случувања, во кои му се приклучи на градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, во справување со надојдените води на Маркова Река за ситуацијата што побрзо да се стави под контрола, упати  порака: во моменти на криза, не постојат институционални граници, постојат само човечки животи. Потенцираше дека во критични моменти не треба да се чека, туку да се делува – со срце, со раце, со присуство на терен. Тој упати благодарност до сите што помогнаа, но и остра критика кон оние кои кризата ја користат само за политички поени.

dobivaj vesti na viber

„Во ноќите кога државата најмногу треба да биде држава, нема надлежности – има само човечки животи. Кога има несреќа, никој не треба да гледа дали надлежноста е на една или на друга институција, град или општина. Во тие моменти, единствено важно е да се покаже емпатија и солидарност со луѓето.
Така постапивме и оваа ноќ. Заедно со моите колеги, Азем и Дејан- градоначалниците на Студеничани и Аеродром, останавме до раните утрински часови.

Иако надлежноста е на Градот Скопје, од кој веќе подолго време бараме санација на коритото на Маркова Река (за што уредно имаме доставено документација и известување дека „нема предвидени средства“), решивме да не чекаме уште една трагедија. Презедовме активности веднаш. Како луѓе, како јавни личности, како совесни политичари.

Во текот на ноќта, со лична ангажираност, учествувавме во евакуацијата на нашите сограѓани: Енис, Фуркан, Хамза и Али, кои беа заглавени во надојдените води – сега се безбедни.

Мустафовски, кој беспомошно се бореше да не стане жртва на разбеснетата река – денес е дома.
И уште многу други – денес се живи и со своите семејства благодарение на брзата реакција.

Изразувам искрена благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, кој веднаш се стави на располагање и со кого бевме во постојана комуникација до доцна во ноќта. Благодарност и до сите колеги, волонтери и граѓани кои не прашаа „чива надлежност е“, туку помогнаа – со срце и со раце.

Но, секогаш кога има неволја, додека едни помагаат, други прават статуси од топлината на својата дневна соба.
Наместо да излезат на терен, некои чекаат да се случи нешто лошо, за да ја напишат својата следна критика.
Тоа не е политика. Тоа е бедна навика што ќе остане зад нас. Засекогаш“, вели Ѓорѓиевски.

Како што вели, политичар се покажува кога е најтешко. „Кога не се штедиш, кога не се криеш, кога не глумиш статуси, туку си таму, со луѓето. Во првите редови“, порача Ѓорѓиевски.

Претходно со своја објава на социјалните мрежи изреагира и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која напиша дека џабе се слика со лажен хедонизам градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Му порача дека со превенција се спречуваат поплави а не со глумење на спасител.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Објавено пред

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  придружувани од работниците точно во 12.05 часот денес на улица ја отворија првата јавна седница. На нога претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го прочита дневниот ред со само три точки кој беше едногласно прифатен, а седницата почна со едноминутен молк за жртвите во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи предвид дека првата јавна седница на ССМ се одржува денес во исклучително тажни услови со едноминутно молчење да оддадеме почит на трагично загинатите луѓе во Кочани. Слава им. Брзо закрепнување на сите повредени“, рече Трендафилов.

Прва точка на дневниот ред на јавната седница е пораката која сакаат да ја пренесат пред Собранието дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците. Втората точка е дека подадената рака од работникот денес може да стане стисната тупаница утре, а трета точка е најважната порака која сакаат да ја упатат до Владата дека не може да се одлучува за работниците беа работниците.

ССМ останува на барањето минималната плата да биде 500 евра, за што веќе испратија предлози и до Собранието и до Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

Објавено пред

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите 3 децении се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат, истакна на прес-конференција Венко Филипче, лидерот на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој оценува дека системот на многу места очигледно не фукционира како што треба.

Јавните сервиси, додаде, немаат перформанс каков што граѓаните заслужуваат.

„За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии.

Слушајќи го овој аларм и барање на граѓаните, слушајќи го и алармот што го покренуваат и компаниите и бизнисите, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички дијалог, би рекол и општествен дијалог во којшто ќе се вклучат сите политички патии и други чинители во општеството. Да се изготват стратешки документи, ќе се направи стратегија а врз основа на која државата ќе функционира во следните повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении. Многу повеќе од мандатот на која било влада и било која парија или коалиција да ја води таа влада бидејќи очигледно е дека во одредени области мораме да знаеме на кад одиме“, кажа Филипче.

Спомна неколку области во коишто смета дека е многу битно да се направи таков пристап.

„Прво е образованието. Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме тој систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати. Понатаму здравството. Не може само да посакуваме да бидеме здрави, тоа навистина го заслужуваме да го имаме. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата. Понатаму правосудното, неминовно е да се донесе реформската агенда во што пократок рок. Реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза“.

Според него граѓаните заслужуваат да живеат во чиста животна средина, Македонија има огромни природни богатства и мора да најдеме начин да ги заштитиме и да ја исчистиме животната средина.

И последната работа, или како што рече, тоа што граѓаните најмногу ги иритира, е партизацијата и политизацијата.

„Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво“.

Според него, добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии.

„Може за почеток на парламентарните партии. Ги видов реакциите, го видов и одговорот на премиерот и би му го образложил овој план и подетално на средба во следните денови.
Се надевам дека после тоа, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во Кочани на површина извади многу системски пропусти и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата“, потенцира Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  придружувани од работниците точно во 12.05 часот...

Македонија35 минути

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ1 час

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија1 час

„Кој се плаши од анкетна комисија во Собранието со меѓународно надгледување“, прашува ДУИ

„Демократската унија за интеграција прашува – кој се плаши од формирање на анкетна комисија во Собранието со учество на сите...

Македонија3 часа

Од денеска нова авионска линија Скопје – Париз („Орли“)

Од денеска Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово, на Меѓународниот аеродором...

Македонија3 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија5 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија6 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија6 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија7 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија15 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија17 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија19 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија19 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија20 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија20 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија21 час

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија22 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија23 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...