Спорт
(Видео) Спектакуларни пресврти на ПСВ и Бенфика

Покрај победата на Ливерпул во дербито со Реал, вториот ден од натпреварите одиграни во петтото коло во Лигата на шампионите го обележа неверојатните пресврти на ПСВ во Ајндховен против Шахтјор и Бенфика во Монако. Дџинамо во Загреб доживеа пораз од Борусија Дортмунд.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, првакот на Холандија ПСВ до 87.минута имаше негатива од два гола против Шахтјор, но до крајот успеа да направи целосен пресврт. Шахтјор во првиот дел стекбна предност од два гола преку Сикан и Зубков. Украинците во 69.минута останаа со играч помалку, кога Педрињо доби црвен картот. Со играч помалку се држеа до 87.минута кога започна серијата на ПСВ. Тилман погоди во 87. и 90.минута, а голот за победа во 95.минута го постигна Пепи.
Пресврт, не толку спектакуларен направи и Бенфика на „Луј Втори“, во Монте Карло. Монако два пати водеше со головите на Бен Сегир и Магаса, првиот гол за Бенфика го постигна Павлидис во 48.минута кога изедначи на 1:1. Синго доби црвен картон во 58.минута, но и со играч помалку Монако постигна гол.
Финишот им припадна на гостите, два пати асистираше Ди Марија во 84. и 88.минута за головите на играчите кои влегоа од клупата за резерви, Кабрал и Амдуни.
Динамо во Загреб загуби од Борусија Дортмунд со 0:3. Целиот натпревар за Динамо го одигра Стефан Ристовски. „Милионерите славеа со головите на Гитенс, Бансебаини и Гираси.
Резултати:
Црвена звезда – Штутгарт 5:1 (1:1)
/Силас 12, Круниќ 31, Иваниќ 65, Радоњиќ 69, 88 – Демировиќ 5/
Штурм – Џирона 1:0 (0:0)
/Беирет 58/
Астон Вила – Јувентус 0:0 (0:0)
Болоња – Лил 1:2 (0:1)
/Лукуми 63 – Мукау 44, 66/
Селтик – Бриж 1:1 (0:1)
/Маеда 60 – Картер-Викерс 26 аг./
Динамо – Дортмунд 0:2 (0:1)
/Гитенс 41, Бансебаини 56, Гираси 90/
Ливерпул – Реал Мадрид 2:0 (0:0)
/МекАлистер 52, Гакпо 77/
Монако – Бенфика 2:3 (1:0)
/Бен Сегир 13, Магаса 67 – Павлидис 48, Кабрал 84, Амдуни 88/
ПСВ – Шахтјор 3:2 (0:2)
/Тилман 87, 90, Пепи 90+5 – Сикан 8, Зубков 37/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.