Забава
(Видео) Публиката за песната што Црна Гора ја испраќа на Евровизија: „Текстот го напишал средношколец?“

Црна Гора синоќа избра претставник за Евровизија 2025 година.
На интерниот натпревар во „Монтесонг“ беше избрана групата NeonoeN со песната Clickbait.
NeonoeN е алтернативен инди-рок бенд од Подгорица, составен од пејачот Марко Вукчевиќ, гитаристот Илија Пејовиќ, басистот Филип Вулановиќ и тапанарот Милан Вујовиќ. На сцената се од 2012 година, кога бендот го основаа Марко и Илија.
Фановите на Евровизија и дадоа најголеми шанси за победа на пејачката Нина Жижиќ и нејзината песна Welcome. Но, по прогласувањето на победникот, на социјалната мрежа Х беа објавени бројни коментари. Некои не беа ентузијасти за песната што следната година ќе ја претставува Црна Гора во Базел.
„Кој го напиша текстот за оваа песна? Последно место во полуфинале“, „Што ви е?“, „Песната е хаос“, „Оваа песна е како татко што се обидува да биде кул, па користи случајни изрази што ги собрал и нема поим што тие значат“, ова се дел од коментарите на X.
„Црна Гора навистина имаше интересни песни и решија да испратат песна која нема да се истакне (на позитивен начин) штом ќе бидат претставени другите песни“, е друг коментар.
Некои сепак се задоволни од изборот. „Интересен избор“, „Црна Гора може да се гордее со постигнатото. Навистина го очекував најлошото, но многу добро поминаа“, пишуваат корисниците на Х.
Медиумите потсетуваат дека на натпреварот учествуваа 16 изведувачи.
Инаку, Црна Гора по двегодишна пауза се враќа на Евровизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Се ожени синот на Шварценегер: невестата блесна во класична бела венчаница

Актерот Патрик Шварценегер и Аби Чемпион решија да ја официјализираат својата врска и на интимна церемонија покрај езерото Кер д’Ален си се заколнаа на вечна љубов.
Свадбата беше организирана за семејството и пријателите, а според списанието „Пипл“, невестата блескаше во класична бела венчаница, додека младоженецот носеше елегантно бело сако и црни панталони.
На свадбата присуствуваа родителите на Патрик, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, сестрата Кетрин Шварценегер Прат со нејзиниот сопруг Крис Прат, како и братот Џозеф Бин. Среќната двојка беше поддржана и од родителите на Аби, Лора и Грег Чемпион.
Patrick Schwarzenegger marries longtime girlfriend Abby Champion in lavish Idaho weddinghttps://t.co/ZnLPdjwB39
— BREAKING NEWZ Alert (@MustReadNewz) September 7, 2025
Меѓу познатите лица на списокот на гости беа актерот Роб Лоу, како и Џејсон Исак, колегата на Патрик од популарната серија „Бел лотос“. Церемонијата се одржа на ранчот „Гозер“, кој двојката го посети неколку пати.
Романтичната врска на Патрик и Аби првпат беше откриена во септември 2015 година, а тие ја потврдија својата врска на Инстаграм во февруари 2016 година. Веста за нивната свршувачка ја објавија во декември 2023 година.
Аби Чемпион е модел која работела за големи брендови, па дури и неколку пати снимала реклами за модни брендови со своето момче.
фотo: принтскрин
Забава
(Фото) Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старата варијанта

Само неколку дена откако предизвика шок и јавни критики за нејзината руса коса, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (43) одлучи да се врати „на старо“.
На трибините на Светското првенство во рагби за жени во саботата, Кејт блесна во елегантен комплет – сако, бела блуза и панталони кои ги комбинираше со дискретни обетки.
Kate Middleton seemingly reverts to her signature brown hair only days after debuting new blond ‘do https://t.co/QICYkGileA pic.twitter.com/c5cSubdojd
— Page Six (@PageSix) September 6, 2025
Сепак, токму нејзината коса привлече најголемо внимание. Принцезата од Велс не можеше да ги издржи бројните критики за нејзината нова фризура и се врати на својата оригинална кафеава боја.
Beaming Kate ties back her lighter locks as she cheers on England at the Women's Rugby World Cup https://t.co/DXT9mYN1Ux via https://t.co/ft5Jcq2hOb
— Jim Polk 🇺🇸 (@JimPolk) September 7, 2025
Се чини дека нејзиниот експеримент со новата боја не успеал и под притисок на јавноста морала да се врати на својот оригинален изглед.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/видео) Латино дивата има секси стајлинг за сите љубители на цветни принтови

Откако успешно ја заврши својата музичка турнеја „Up All Night“, пејачката Џенифер Лопез одлучи да се посвети на себе, на своето семејство и на својот општествен живот.
Неодамна таа присуствуваше на добротворната вечер „YES Scholars“ во Лос Анџелес, на која се собираат средства за образование на талентирани деца од сиромашни семејства.
За оваа пригода, латино дивата одлучи да носи долга розова тоалета украсена со цветни детали и длабоко деколте.
Фустанот е направен од лелеав материјал, што го прави идеален за летни вечери и гламурозни настани.
Се чини дека Џеј Ло го претворила овој нежен, цветен дезен во секси креација која никого не остава рамнодушен – покрај градите, таа ги истакна и своите раскошни облини.
Модното издание го комплетираше со права коса, златни додатоци, шминка во земјени тонови и пудра розова чанта.
фото: принтскрин