Скопје
Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш јавниот превоз со своите полтрони советници“, реагира градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во Советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти, ‘патриоту’ Мицкоски, нема да можеш да преговараш со производители на автобуси, како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.
Ајде „патриоту“ Мицкоски, одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа што ТИ со твоите мицковистички полтрони во Советот го саботираш или сум најлошиот градоначалник, кој е ТВОЈ избор, градоначалник што ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.
„Патриоту“ Мицкоски, сè што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП, која преку твојата директорка Богева ја поништи за да создадеш криза од која сега ќе нè спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Пуштени во употреба спортските игралишта во училиштето Гоце Делчев во општина Илинден

Со одржување на спортски натпревари во фудбал и кошарка беа пуштени во употреба спортските игралишта за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден, кои во изминатиот период беа целосно реконструирани, извести општина Илинден.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на игралиштата и истакна дека учениците од ова училиште добија комплетно реконструиран и убаво уреден спортски простор, наменет за квалитетно и безбедно одржување на часовите по физичко и здравствено образование.
„Во рамки на реконструкцијата поставена е заштитна ограда и метални столбови за осветлување. На игралиштето за мал фудбал, ракомет и одбојка поставени се нови голови, вештачка трева, а на игралиштето за кошарка нови табли и обрачи за кош, додека подот е поплочен со гумирана подлога. Исто така во рамки на спортските терени поставени се клупи, корпи за отпадоци, просторот е партерно уреден, со што овие спортски игралишта добија комплетно нов лик.
Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на општина Илинден, а во наредниот период ќе се продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината“, се додава во соопштението.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на улицата Самоилова бр.50 во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски и улицата Банатска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.